45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Оперативен блок

Оперативниот оддел во Болница „Плодност“ се состои од две најсовремено опремени операциони сали и една сала за интервенции во состав на дневната болница.

Оперативните сали имаат можност за директно пренесување на операциите преку видео и аудио опрема,со паралелно правење на електронски запис на текот на операциите. Во секоја сала има 4 екрани за пратење на операциите од страна на анестезиолошкиот тим, асистентите и инструментарките.

Во Болница „Плодност“ се извршуваат различни операции, класични-отворени и сите видови ендоскопски операции, кои ги реализираат врвни докторски имиња, а по потреба за најсложените оперативни зафати доаѓаат и експерти од реномирани клиники од сгранство. Во овој оддел се работи по строги протоколи за работа, со посебно внимание на стерилноста и контролата на материјалот.  Во состав на оперативниот блок се наоѓа и одделот за стерилизација- централна стерилизација.

 

Оперативен оддел: