45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Тимската работа е главна карактеристика на ОАРИЛ во Болница „Плодност“ и нуди најсовремени и висококвалитетни анестезиолошки услуги, употребувајќи најсовремена апаратура од познати светски произведители. Одделот обезбедува 24/7 часовна специјалистичка дејност, според највисоките стандарди (ASA, ESA, ESRA).

Улогата на анестезиолозите во ОАРИЛ е повеќенаменска и тие обавуваат повеќе дејности:

  1. Консултативна дејност

Вообичаено се реализира при првата средба во анестезиолошката амбуланта, а опфаќа:

  • Предоперативен специјалистички и консултативен анестезиолошки преглед,
  • Преданестезиолошка еваулација на здравствената состојба,
  • Предоперативна припрема ако од неа има потреба,
  • Оценка на состојбата и степенот на анестезиолошко-оперативен ризик (ASA),
  • Прибавување на писмена согласност за изведување на операцијата со анестезија.

 

  1. Анестезиолошката дејност:
  • Амбулантни анестетици за оперативни интервенции и инвазивни дијагностички процедури,
  • Општи и регионални анестезии во дневна болница за оперативни зафати кои се решаваат во тек на 24 часа
  • Анестезија за инвазивни процедури во ИВФ центарот,
  • Анестезии во оперативен блок:
  • Општа анестезија,
  • Регионална анестезија( SA, EDA, EDA-Spin-komb).

Во родилниот блок се практикуваат:

  • Акушерската аналгезија и анестезија – со примена на регионални техники (SA, EDA, EDA-Spin-komb) и walking epidural техника која овозможува мобилност на трудницата,
  • Безболно породување – опција која им се нуди на бремените.
  1. Постанестетички надзор на оперираните

Во оваа единица се третираат пациентите непосредно во постоперативниот и постанестетичкиот период. Пациентите се под проширен мониторинг на хемодинамиката, респираторната и останатите витални функции. Се спроведува оксигенотерапија, додатна аналгезија, се прати будноста, се превенираат несаканите ефекти од анестезијата. Тука пациентите престојуваат до стабилизација на виталните функции.

 

  1. Единица за интензивно лекување (ЕИЛ)

Тимскиот пристап во работата во ЕИЛ овозможува лекување на пациенти на кои им е потребен специјален третман поради загрозени или нарушени витални функции, независно од типот на заболувањето. ЕИЛ, оперативниот блок, акушерскиот блок и неонатолошкото одделение се под посебен режим на спроведување на мерките од програмата за превенција на интрахоспитални инфекции.

 

  1. Реанимацијата

Реанимацијата е една од дејностите на анестезиолозите, кои се оспособени за сите реанимациони процедури за основно и напредно одржување во живот кај сите возрасти без исклучок.

 

  1. Третман на акутна и хронична болка

Една од повеќето дејности на анестезиологот е и сузбивањето на болката во акутен или хроничен стадиум.Процедурите и третманот се спроведуваат за оперирани и неоперирани стационарни пациенти.Вакви услуги им се нудат и на нехоспитализирани пациенти во дневната болница.

 

Модерните анестезиолошки методи овозможуваат безболни операции. Анестезијата значи елиминација на чувствата. Анестезиолошкиот тим ги контролира пред, за време и после операцијата крвотокот, дишењето и другите витални органи на пациентката/пациентот. Докторите специјалисти по анестезиологија извршуваат работни задачи во оперативниот и родилниот блок, во одделот за интензивна нега и одделението за третирање на хронична болка.

Оддел за анестезија: