45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Неонатологија

Одделот за Неонатологија ги нуди најсовремените услови за третман на здрави новородени и полуинтензивна нега, кои вклучуваат употреба на врвна медицинска опрема како и едуциран персонал. Во одделот се спроведува системот мајка/дете (rooming in).

Во деновите по раѓањето, врз новороденчињата се применува ултразвучен и клинички скрининг на колкчиња, скрининг за хипотиреоза, ехокардиогравски и ултразвучен преглед на ЦНС, третман на постпородилна жолтица, давање на БЦГ и Хепатитис Б вакцина. Во состав на одделот постои современа лабораториска дијагностика како и можност за примена на дигитална ренгенска дијагностика.

Одделот располага со посебен простор за изолација на новородени со постпородилни инфекции и нивен соодветен стручен и навремен третман со адекватна терапија, како и 24 часовен мониторинг. Одделот е опремен со најсовремен транспортен инкубатор за новородени како и високо софистрицирано сопствено транспортно амбулантско возило достапно 24 часа. Полуинтензивната нега располага со 3 инкубатори со придружна опрема за интензивна нега (инфузиомати, перфузори, монитори, фото лампи, вормери, биличек, ултразвучен апарат ).

 

Услуги кои ги нуди неонатолошкото одделение:

  • Предпородилна едукација на родители и нега на новороденче
  • Едукација на мајките за успешно доење по системот „десет чекори до успешно доење” од тим на високо едуцирани сестри.
  • Реанимација, стабилизација и третман на новородените деца
  • TSH screening
  • Ортопедски и кардиолошки скрининг
  • Транскутано (бескрвно ) одредување на билирубин, како и лекување на хипербилирубинемиите со фототерапија

Во одделот за неонатологија функционира амбуланта каде перманентно се следат новородените во нивниот раст и развој. Тимот на неонатологија е составен од тројца неонатолози и високо едуциран медицински персонал.

Неонатологија: