45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Биохемиска лабораторија

Ентузијазмот, вербата во успехот и фокусирањето кон иднината се клучот за успехот во нашата специјалистичка дијагностичка лабораторија, која е во чекор со светските трендови и нуди комплетна лабораториска дијагностика од високо стручни и специјализирани кадри и најсовремена опрема.

Биохемиската лабораторија во Болница „Плодност“ ги нуди следните услуги и испитувања:

  • Хормонски испитувања
  • Испитување на тумор маркери
  • Комплетни биохемиски и хематолошки анализи
  • Инфективни заболувања
  • Хомостаза
  • Диференцијална крвна слика
  • Рано откривање на аномалии на плодот (Prisca)

 

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ

Како да се подготвите за земање биолошки материјал:

  • За повеќето лабораториски испитувања на крв неопходно е земање на примерок наутро (на празен стомак) 12 часа по последниот оброк;
  • пред вадењето на крв да не се земаат лекови (во договор со лекар) и препарати кои би влијаеле  на резултатите;
  • да се избегнува интензивна физичка активност 2 дена пред земање на крв;
  • се препорачува времето помеѓу земањето на лек и вадењето на крв за протромбинско време-ПТ да биде 12 часа. Внес на храна со зголемена содржина на витамин К и внес на други лекови може да влијае на резултатот;
  • за хемиски преглед на урина и седимент неопходно е да се земе првата утринска урина во чист сад и во најкраток можен рок (до 2 часа) да се донесе во лабораторијата или да се чува во фрижидер до доаѓањето во лабораторијата;
  • за анализа на 24 часовна урина потребно е да се испие околу 1,5-2л вода и измокрената урина да се собира во чист сад.

 

Подготовка при одредување липиден статус

Биолошкиот материјал е венска крв

48 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • да не се конзумира алкохол
  • да се избегнува зголемена физичка активност

 

24 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • конзумирајте вообичаена, но не премасна храна

 

12 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • после 19 часот претходниот ден да не се конзумира храна, алкохол, кафе

 

Биохемиска лабораторија: