45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Општи информации

1. Назив на установата и други податоци за установата

Назив: ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „ПЛОДНОСТ“ Битола

Седиште: ул.Асном бр.9, Битола

Директор на установата: д-р Таше Трпчевски

Емаил: info@plodnost.com.mk

Тел.: +38947208880; моб:+38975472503

Факс: 047208883

Адреса на веб страната: https://plodnost.com.mk/

Службено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер:

Емилија Сарафска

тел. за контакт: +38947208880

 

2. Дејност на установата

Во ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “ПЛОДНОСТ” Битола се обавува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност по гинекологија и акушерство, со Решение бр.10-5308/10 до 04.11.2011г., на Министерство за здравство.

 

3. Организациона структура

Болницата располага со 13 оддели и тоа:

  • Оддел 1: Гинекологија и акушерство со родилна сала
  • Оддел 2: Операциони сали, централна стерилизација и дневна болница
  • Оддел 3: Анестезија, реанимација и интензивно лекување
  • Оддел 4: Неонатологија и педијатрија
  • Оддел 5: ИВФ центар за асистирана хумана репродукција
  • Оддел 6: Радиодијагностика
  • Оддел 7: Амбуланти
  • Оддел 8: Биохемиска лабораторија
  • Оддел 9: Болничка аптека
  • Оддел 10: Администрација
  • Оддел 11: Техничка служба и служба за одржување на дворот
  • Оддел 12: Одржување на хигиената, перална и пеглална
  • Оддел 13: Чајна кујна со кафетерија

 

4. Број на вработени и нивна квалификација

Во Болница Плодност Битола се вработени повеќе од 80 лица. Нашиот персонал го сочинуваат тим од реномирани доктори-специјалисти по гинекологија и акушерство, специјалисти по неонатологија и педијатрија, специјалисти по анестезиологија и реанимација и специјалист радиолог, од кои четворица се стекнале со титула Примариус.

Во болницата работи и тим на високо специјализирани медицински сестри во своите области.

Болницата континуирано вложува во постојана надградба и едукација на своите вработени.

 

5. Сместувачки капацитети

Болницата поседува 13 болнички кревети, распоредени во 13 еднокреветни соби кои се климатизирани и поседуваат сопствена бања, 2 апартмани со по два болнички кревети, 2 операциони сали, соба за интензивно лекување и реанимација. Просторија за прием на новородени, 3 инкубатори и 1 транспортен инкубатор, 4 бормери и 11 креветчиња. Опремени се и работат две родилни сали. Во одделот за ИВФ има две простории за ИВФ фертилизација.

Специјалистичко-консултативната дејност се врши во четири гинеколошко-акушерски ординации поврзани со сестринска соба. Во едната од амбулантите поставен е ЦТГ апарат. Една ординација е наменета за РТГ дијагностика. Постои и посебна просторија наменета за дневна болница, со гинеколошка ординација и просторија за интервенција. Хематолошката и беохемиската лабораторија, болничка аптека и многу други помошни простории.

 

6. Сите останати информации кои не се во спротивност со чл.6 од Законот за слободен пристап до информации

Услуги: Листа на услуги по оддели можете да ги погледнете ТУКА (поединечно за секој оддел)