45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Новости

Нашите медицински сестри учествуваа на Секцијата на хируршките сестри

Дел од медицинскиот персоналк на Болница „Плодност“, Жанета Веселица Стефановска – одговорна сестра во одделот стерилизација, Анета Јошевска Дамчевска – одговорна сестра во оперативен блок, како и сестрите од одделот стерилизација Мери Михевска и Маја Милошевска, учествуваа на Секцијата на хируршките сестри која годинава се одржа на тема „Хируршки медицински сестри – различна улога со иста цел“.

Прочитај повеќе

Д-р Данче Коларовска со свое предавање на работилницата на ФАРМАХЕМ

На работилницата која се одржа на 18 и 19 мај во хотелот Радика во Маврово во организација на ФАРМАХЕМ, свое предавање на тема „Хормонски мониторинг во тек на ИВФ постапка“ одржа специјалистот по медицинска биохемија д-р Данче Коларовска, раководител на биохемиската лабораторија во Боница „Плодност“.

Прочитај повеќе

Симулациона вежба и евакуација при случај на пожар во Болница “ПЛОДНОСТ”

Со цел да бидат исполнети сите препораки од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, која на ПЗУ „Плодност“ Битола и ја додели највисоката Акредитација за работа од 5 години, во рамките на Планот за работа за 2018 година на болницата, предвидена беше симулациона вежба за евакуација на вработените и пациентите при состојба на пожар.

Прочитај повеќе

Д-р Камбовска со нови сознанија за исхраната кај децата

Во организација на Европското здружение за педијатриска гастроентерологија, хепатологија и исхрана, од 09-12 мај се одржа годишен конгрес во Женева, Швајцарија. На конгресот како претставник на Болница „Плодност“ присуствуваше д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар.

Прочитај повеќе

Конгрес на радиолошки технолози на Република Македонија

На 9-тиот Конгрес на радиолошки технолози на Република Македонија од меѓународен карактер, кој се одржа во Охрид од 4 до 6 мај, учествуваше и Фанче Јованоска, радиолошки технолог од Болница „Плодност“ Битола.

Прочитај повеќе

Д-р Апчевска со нови неонатолошки сознанија

Под водство на проф. Фридрих Рајтерер, во организација на Медицинскиот универзитет од Грац, Австрија и Американско-австриската фондација, во соработка со Медицинскиот факултет од Скопје, на 1 мај годинава се одржа „THE OMI SATELLITE SIMPOSIUM; MOTHER&INFANT HEALTH“.

Прочитај повеќе

Хуманоста и општествената одговорност уште еднаш искажана на дело од страна на прим. д-р Таше Трпчевски

На четвриот по ред тематски ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“, во организација на Агенција „Марили“, прим. д-р Таше Трпчевски беше еден од предавачите и го отвори овој тематаски ден со предавањето „Емоционален аспект кај жената при ин витро оплодување“. Покрај предавањето, неговиот придонес на тематскиот ден беше и од хуманитарен карактер.

Прочитај повеќе

Ембриолози од „Плодност“ на светски симпозиум во Софија

Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија беше организатор на Кампус симпозиум на тема „Тековни пристапи во генетиката и репродукцијата“ кој се одржа во Софија, Бугарија од 26-28 април годинава.

Прочитај повеќе