45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Новости

Нови искуства за машкиот стерилитет во Болница ПЛОДНОСТ Битола

Дел од ИВФ тимот од Болница “Плодност” учествуваше на големо научно збиднување за машкиот стерилитет во Белгија. Ембриолозите-андролози Горан Стефановски и м-р Стефан Матиќ, како единствени претставници од нашата земја, имаа можност да се здобијат со многу нови знаења и вештини, да ги прошират своите сознанија и да разменат искуства со водечките авторитети од полето на машката неплодност.

На 29 и 30 март во Гент, Белгија од страна на Европското здружение за хумана репродукција и ембриологија (ESHRE) и Групата за андрологија (SIG Andrology) беше организирана кампус работилница под наслов „Машки стерилитет: широка слика” („Male infertility: the broad picture). Работилинцата беше модерирана и водена од страна на д-р Џексон Киркман-Браун од Универзитетот во Брајгам, Англија и д-р Николас Гаридо од Институтот за неплодност при Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Петнаесетина врвни научници и клиничари од областа на андрологијата и машкото репродуктивно здравје одржаа свои предавања и ги споделија најновите сознанија пред присутните учесници. Учествуваа околу 150 истражувачи, андролози, уролози, генетичари и специјалисти за ИВФ од цела Европа, како и САД, Австралија, Јапонија, Израел и Малезија.

„Меѓу останатите теми, голем акцент беше ставен на значењето на ХПВ инфекциите кај мажите и неопходноста за нивно дијагностицирање и третман, како една од причините која може да доведе до неплодност кај мажите, а кај паровите кои немаат машки фактор на стерилитет го зголемува времето до забременување и ризикот за спонтан абортус. Андролошкиот оддел во нашиот ИВФ центар веќе започна со подготовка за имплементација на ваква скрининг програма, според моделот кој беше прикажан од страна на еминентен професор од Италија. Исто така, доста се зборуваше и за влијанието на загадувањето на воздухот, начинот на живот и исхраната врз плодноста на мажот. Сите штетни фактори од средината и нездравите навики имаат негативни последици врз репродуктивното функционирање на мажите, и мора да се земат предвид при евалуацијата на паровите со стерилитет“, рече м-р Стефан Матиќ, ембриолог-андролог во Болница „Плодност“.

Посебно беа презентирани можните несакани последици врз плодноста на мажот кои можат да произлезат од примената на спортски додатоци и справувањето со истите.

Врвни клиничари ги презентираа најновите протоколи за менаџирање на пациенти со азооспермија. Беа прикажани пософистицирани и понапредни оперативни методи за изведување на тестикуларна спермална екстрација (ТЕSE), а беа демонстрирани и поефективни методи за микроскопско пребарување и обработка на тестикуларните биопсии за андролошката лабораторија, кои ќе започнат да се применуваат во нашиот ИВФ центар, а со кои се зголемува веројатноста, доколку се создаваат сперматозоиди во тестисите, истите поефикасно и поуспешно да се пронајдат“, посочи ембриологот Горан Стефановски.

Нашите емрбиолози-андролози активно учестуваа во дискусиите на случаи, каде експертите од цел свет споделуваа свои размислувања и препораки за водење и решавање на разни случаи на пациенти со стерилитет. Исто така беа дадени и препораки за правилно интерпретирање на резултатите од лаборатиските испитувања кај мажот и нивното значење за целокупниот процес на третирање брачната неплодност. Со оваа надоградба на најсовремени искуства на ембриолошкиот тим, Болница „Плодност“ останува на врвот на клиниките кои имаат решение за машкиот стерилитет во целиот регион.

Прочитај повеќе

Многу ретка дијагноза откриена од страна на д-р Ристески

Нов случај ретка дијаноза е откриен во Болница „Плодност“. Едногодишно дете, кое што во нашата болница беше донесено со стомачни болки, кои траеле неколку денови, по прегледот извршен од страна на д-р Александар Ристески, дијагностициран е редок случај на интусусцепција, односно инволвирање на црево во црево.

Прочитај повеќе

VIII Конгрес со меѓународно учество на здружението на анестетичари во Србија

Тимот на Болница „Плодност“ секогаш e подготвен за едукација, но и за размена на своите знаења и искуства, како во државата, така и надвор од неа. Претставник на Болница „Плодност“ учествуваше на VIII Конгрес со меѓународно учество на здружението на анестетичари во Србија, кој се одржа во Панчево, од 11 до 14 октомври 2018 година.

Прочитај повеќе

Болница ПЛОДНОСТ дел од мисијата за искоренување на полио

Ротари клубот “Широк Сокак” од Битола беше организатор на панел дискусијата за искоренување на детската парализа. Нашите докторки педијатри, прим.д-р Аница Апчевска и д-р Маргарита Камбовска, беа дел од оваа панел дискусија, со цел да дадат свој придонес во искоренувањето на полиото, кое најчесто ги зафаќа децата под 5 години, а за оава болест не постои лек.

Прочитај повеќе

Мотивацијата на д-р Таше Трпчевски

Мотивирачки говор кој предизвика овации кај присутните, одржа синоќа директорот на Болница „Плодност“, прим.д-р Таше Трпчевски. Пред бројната публика во салата на Народниот театар во Битола, во рамките на семинарот „Мотивација-Пет минути внимание за промена во вашите животи“, тој беше говорник, заедно со организаторот д-р Зендел Абедин Шехи , професот на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија од Скопје.

Прочитај повеќе

Нов начин на отстранување на оперативен материјал од утробата со лапароскопија

На стручен состанок, прим. д-р Таше Трпчевски го презентираше најновиот начин на лапароскопско вадење на оперативен материјал. Овој зафат не се одвива преку ѕидот на стомакот, туку преку задниот вагинален ѕид, што претставува прв ваков оперативен зафат не само во Болница „Плодност“, туку и во регионот. Со ваквиот вид на оперативно отстранување, се избегнуваат трауми, кожни дефекти и пациентот побргу се опоравува.

Прочитај повеќе

Болница „ПЛОДНОСТ“ доби свој претставник за фармаковигиланца

Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет во Скопје, номинираа 85 лекари специјалисти од сите градови на Република Македонија кои учествуваа на работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите, односно за имплементирање на добрите практики на фармаковигиланца во Република Мекедонија.

Прочитај повеќе

26-тиот конгрес на Балканската федерација на клинички лаборатории (БТЛФ)

На 26-тиот конгрес на Балканската федерација на клинички лаборатории (БТЛФ), кој годинава се одржа од 3-5 октомври во Скопје, научна презентација со своја тема под наслов „Проблеми со хипертензија во бременост“ имаа д-р Данче Коларовска, магистер фармацевт, специјалист по медицинска биохемија и д-р Марија Христовска, специјалист гинеколог акушер од Болница „Плодност“ во Битола. Учесник на овај меѓународен конгрес беше и Владимир Белевски, фармацевт во Болница „Плодност“.

Прочитај повеќе