45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Новости

“Примена на роботиката во современата медицина” 🦾 предводено од гинеколог Д-р Синиша Трпчевски

Видео 🎦 од онлајн предавањето на тема “Примена на роботиката во современата медицина” 🦾предводено од гинеколог Д-р Синиша Трпчевски, од “Болница Плодност” Битола и “Klinikum Wels-Grieskirchen” Австрија заедно со ЕМСА Македонија е прикачено на нашиот профил Плодност Youtube и IgTV.

На ова предавање се зборуваше за роботиката во гинекологија со видео приказ од функционирањето на роботот каде што Д-р. Синиша Трпчевски како најмлад гинеколог од Европа кој што работи со ДаВинчи роботска хирургија ги споделуваше своите искуства и знаења од оваа област.

Прочитај повеќе

Прим. д-р Таше Трпчевски на прес-конференција за доградбата на болницата “Плодност“

Како и најави сопственикот на болницата “Плодност“ од Битола, прим. д-р Таше Трпчевски, денес на прес конференција се огласи околу доградбата на болницата, кое ви го пренесуваме во целост:

Почитувани новинари, почитувана јавност,

Поттикнат од наводите изнесени на пресот на Градоначалничката Наташа Петровска, одржан на 23.04.2021 година, на кој ја раскажа приказната во врска со постапката за издавање дозвола за доградба за болница „Плодност“ и на кој именуваната наведува „дека ќе изнесе информации до јавноста во „интерес на вистината“ го давам следниот демант:

Вистината е само една, а тоа е онаа која се докажува со факти и докази, а не со раскажување на приказни!

Постапката за добивање на одобрение за доградба болницата „Плодност“ и „Плодност Медика“ ДООЕЛ Битола, се започна на ден 22.09.2020 година, согласно чл.59 од Законот за градење, со поднесување на барање по електронски пат до Општина Битола. На 17.11.2020 година издадена е потврда за заверка на основниот проект. На 23.11.2020 година, издадена е пресметка за уредување на градежно земјиште, потпишана од три лица од Општината Битола и тоа
– советник за уредување на градежно земјиште
– раководител на одделение за администрирање на приходи
– Градоначалничката.

Согласно пресметката истиот ден, надоместот е платен од нас како инвеститори и склучен е Договор за уредување на градежно земјиште, кој исто така е потпишан од истите лица, како и пресметката. Согласно чл. 59 од Законот за градење по доставување на доказ дека се уплатени пресметаните комуналии и по потпишување на Договорот за уредување на градежно земјиште, ние како инвеститори ги завршиме законските процедури и обврски према Опшината за добивање на дозвола за градба.

По оваа фаза обврска на Градоначалникот е во рок од 5 дена да го издаде одобрението за градба. Роковите во законот се преклузивни и треба да се почитуваат од страна на институциите така како што се пропишани, во спротивно согласно одредбата од чл. 61 од Законот за градење ќе сноси кривична одговорност, цитирам: – „Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на овој закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за одобрение за градење во рокот од членот 59 на овој закон, (се мисли на рокот од 5 дена) одговорното лице, подлежи на кривична одговорност согласно со Кривичниот законик.“

Според наведеното, Градоначалникот во предметниот случај на „Плодност“ Битола, требаше да го донесе горенаведениот акт со кое се одобрува или не се одобрува доградбата, најдоцна до 29.11.2020 година. Но, наместо одобрение за доградба, настана молк!  Поминуваа денови и недели, но никаква информација немавме, зошто не е постапено. Неофицијално ни беше кажано дека повеќе службени лица, отсуствуваат од работа поради ковид или болест и истото го прифатиме како објективна околност и причина и дека прашање на време е кога ќе се издаде актотот- одобрение за градба, но бевме доведени во заблуда.

Кон средината на декември, се започна со вршење на подготвителни работи за дислокација на паркингот, вадење на коцката, пресадување на дрвата, дислокација на инсталацијата за атмосферските и фекалните води, подземната електрична инсталација. За да не губам време, сеуште надевајќи се дека одобрението не е потпишано заради болест на службените лица, решив да ги отпочнам барем припремите за градба, (ископи и тампонирање заради стабилизација на теренот). Дали со тоа се доведов во ситуација да го прекршам законот или не институциите ќе кажат, а јас не бегам од одговорност.

Во врска со погрешната пресметка за прв пат добив неофицијална информација од вработено лице во Општината по Новогодишните празници и ми беше сугерирано од истото да го повлечам барањето за доградба, бидејќи пресметката била грешна. На Болница „Плодност“ и беше одобрен кредит од 3,5 милони евра врз основа на тоа барање на градба, платени се трошоци за нотари, вешти лица, провизии, така што не е едноставно да се повлече барањето за градба, а поготово за грешките направени од Општината.

Пресметката беше потпишана од градоначалничката и ние ја плативме така како што беше и издадена. Во која правна држава странките одговараат за грешките на институциите?! Бидејќи не постапивме по усните сугестии на службеното лице, Општина Битола на ден 18.01.2021 година, (надвор од сите законски рокови по скоро два месеци) донесе писмен документ со кој ја огласи пресметката за ништовна. Против таквиот акт поднесов жалба до Министерството за транспорт и врски.

Но, како одминуваше времето сфатив дека јас секојдневно трпам штети со ваквото одолговлекување на постапката, плаќам камати за веќе одобрен кредит, градежните фирми со кои ги договарав градежните работи почнаа да ми ги откажуваат договорите и од тие причини на ден 08.03.2021 година поднесов барање до Општина Битола да ми биде издаде нова пресметка, која безусловна ќе ја прифатам, за да ги намалам штетите кои ми се причинуваат секојдневно.

На ден 12.03.2021 година добив одговор од Општина Битола дека треба да доставен доказ дека жалбата ја повлекувам за да можат да ми издадат новата пресметка. Друг услов во писмениот одговор од Општината не е споменат. Веднаш ја повлеков жалбата, поточно на ден 23.03.2021 година и ја известив Општината, но повторно бев доведен во заблуда, ме натераа да се откажам на моја штета од со Устав и закон загарантираното право на правна заштита, а не издадоа нова пресметка. Дали и овој одговор на Општината претставува „грешка“ како и „пресметката“. До денес немам добиено нова пресметка која сум согласен да ја платам. На тој начин инвестицијата е оневозможена во целост!

Почитувани, сите писмени документи на кој се повикувам, ќе Ви бидат дадени на увид, во интерес на вистината. Се прашувам каде е мојата вина за грешките на Општината и безусловно се согласувам со изјавата на градоначалничката дека никој не смее да биде привилигиран пред законот и доколку имам и најмала вина јас достоинствено ќе ги сносам последиците, но барам законот да се примени и за другата страна.

Зошто за последиците како што појаснува граданочалничката врз Буџетот на Општина Битола, предизвикани од документ кој истата лично го потпишала, не може да се бара одговорност само кај службените лица, тука и кај себе, а јас најмалку како странка сум виновен за истото?!

Сакам да истакнам дека единствената цел ми е да се изборам за правдата. Ја молам јавноста и политичките партии да не ги злоупотребат овој допис во политички цели. Политиката не моја опција.

На крај, укажувам дека Плодност како бренд и заштитник на здравјето на граѓаните и најмладите ќе живее и ќе ги преземе сите законски дејствија за остварување на својата визија, а тоа е осовременување на здравствениот систем и пружање на модерна сигурна и квалитетна здравствена помош на сите на кои таква му е потребна. Целокупната оваа наша мисија е насочена кон таа цел!

Јас дефинитивно се откажувам од оваа инвестиција. Можеби во иднина ќе ја реализирам, доколку некој ќе умее да го цени она што јас го правам и ќе знае да ги цени придобивките на градот и на битолчани од оваа инвестиција. Паркингот повторно го враќам во функција во овој момент завршувам со оваа голгота.

Конечно, убедени сме дека јавноста од начинот на постапување и однесување на Општината кон оваа установа може сама да оцени дали Општина Битола ги исполни и примени стандардите и правните норми.

Прим. д-р Таше Трпчевски

Прочитај повеќе

Femoflor Screen Анализа

Вагиналниот микробиом претставува комплексен динамичен систем врз чиј состав влијаат одредени фактори како возраст, сексуална активност, хормонален статус, користење на хормонска терапија, орални контрацептиви или антибиотска терапија. Во вагиналната флора кај здрави жени доминираат  lactobacilli-те кои се индикатори за присуство на нормална микрофлора. Вагиналната дизбиоза може да биде предизвикана од намножување на анаеробни микроорганизми, микоплазми, квасци како и патогени микроорганизми.

Femoflor Screen тестот овозможува детекција на облигатни анаеробни микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.),вируси (Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus),  како и Chlamydia и Mycoplasma genitalium кои инаку бараат специфични услови за раст на култури или воопшто не можат да бидат култивирани. Детекцијата на сите овие микроорганизми е можна со само неколку часовна анализа при која се врши екстракција на нуклеинската киселина од микроорганизмите присутни во примерокот и нејзина амплификација со Multiplex Real Time PCR методата.

Femoflor Screen Real Time PCR анализата овозможува квантитативна детекција на вкупната бактериска маса, lactobacilli-те, анаеробните микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.), Candida spp., Ureaplasma spp., Mycoplasma hominis, како и квалитативна детекција на патогените микроорганизми како Mycoplasma genitalium, Trichomonas vaginalis, Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis и вирусните паготени – Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus.

Сексуално преносливите патогени може да доведат до неплодност и до зголемен ризик за спонтан абортус, така што оваа анализа е погодна за детекција на ваквите патогени микроорганизми. Femoflor Screen анализата е погодна за жени во репродуктивна возраст, бремени жени како и за жени во менопауза кои примаат хормонална терапија,  што овозможува следење на ефектот од оваа терапија врз вагиналната флора.

Прочитај повеќе
Covid 19 Plodnost Hospital

Неколку клучни прашања и одговори за вакцините против COVID-19

Одговори на најчестите прашања за вакцините против корона вирусот и неплодноста

Приложуваме одговори за најчесто поставувани прашања со кои се сретнуваме во пракса со пациентите кои имаат проблеми со неплодност. Одговорите се базирани на основа на сознанија на Британското друштво за неплодност и Здружението на репродуктивни и клинички научници кои го создадоа овој документ како одговор на прашањата што пациентите ги поставувале за вакцините Covid-19 и неплодноста.(февруари 2021)

Дали луѓето во репродуктивна возраст треба да примат вакцина Covid-19

Одговор: Да
Објаснување: На луѓето во репродуктивна возраст им се препорачува да се вакцинираат кога ќе ја добијат поканата за вакцинација. Ова ги вклучува оние кои се обидуваат да имаат бебе, како и оние за кои размислуваат да имаат бебе, без разлика дали тоа е во блиска иднина или за неколку години.

Може ли некоја од вакцините Covid-19 да влијае на плодноста?

Одговор: Не
Објаснување: Нема апсолутно никакви докази и нема теоретска причина дека било која од вакцините може да влијае на плодноста кај жените и мажите.

Може ли да примам вакцина Covid-19 за време на третманот  за неплодност (ИВФ, замрзанти ембрион, јајчни клетки, сперматозоиди, индукција на овулација, инсеминација, користење на донирани гамети итн)?

Одговор: Да
Објаснување: Можеби ќе треба да го испланирате времето за вакцинација за Covid-19 за време на вашиот третман за неплодност земајќи во предвид дека некои луѓе може да добијат вознемирувачки несакани ефекти неколку дена после вакцинација кои не е пожелно да ги имаат за време на третманот( болка на местото на инектирање, треска, главоболка, болка во мускулите или чувство на замор).

Дали треба да го одложам третманот за неплодност сè додека не ја примам вакцината Covid-19?

Одговор: Не
Објаснување: Единствената причина да размислите за одложување на третманот за неплодност сè додека не сте биле вакцинирани би било ако сакате да бидете заштитени од Ковид-19 пред да бидете бремени.

Колку брзо по вакцинирањето Covid-19  можам да започнам со третманот за неплодност?

Одговор: Веднаш
Објаснување: Не треба да го одложувате третманот за неплодност

Денес имав позитивен тест за бременост. Дали сè уште можам да примам вакцина Covid-19?

Одговор: Да ако сте во ризична категорија
Објаснување: Ако сте во ризична категорија за Covid-19, или заради потенцијална изложеност на работа-медицински персонал, се уште можете да ја примите вакцината во бременоста, но ако немате зголемени ризици за Covid-19, заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) ве советува да ја одложите вакцинацијата после бременоста. Нема причина да се верува дека некоја од вакцините Covid-19 би биле штетни, но нивните ефекти во бременоста сè уште не се испитани во целост. Информацијата што е позната е уверлива. Ниту една од вакцините не содржи жив вирус така да нема ризик дека бремената жена или нејзиното бебе може да добијат Covid-19 од вакцината. За повеќе информации за вакцинацијата во бременоста, видете ги информациите произведени од Royal College акушери и гинеколози тука.

Јас сакам да  ги донирам моите јајца / сперматозоиди за употреба на други. Дали сè уште можам да примам вакцина Covid-19?

Одговор: Да
Објаснување: Вакцините Covid-19 не содржат вирус и затоа не можете да го пренесете Covid-19 со примање на вакцината. The Human Fertilization & Embriology Authoritу препорачува да поминат најмалку 7 дена од вакцинацијата пред донирањето на јајните клетки или сперматозоиди. Ако донаторот се чувствува лошо по вакцинирањето, тие не смеат да донираат 7 дена откако ќе се појават симптомите. Прочитајте повеќе тука.

Имав повторни спонтани абортуси и сега се обидувам да забременам повторно. Дали треба да ја одложам вакцината со Covid-19?

Одговор: Не
Објаснување: Нема причина да се одложи земањето на вакцината против Covid-19 бидејќи нема да влијае на ризикот од абортус.

Прочитај повеќе

Interleukin-6 (IL-6) тест за Covid-19 инфекција!

Зошто е важно да се направи анализата IL-6?
IL-6 е цитокин што може да се покачи при разни воспаленија (вклучувајќи и COVID-19), инфекции, автоимуни нарушувања, кардиоваскуларни болести, некои видови на карциноми и др.IL-6 – ран индикатор за инфламаторен одговор на болест или повреда. Игра значајна улога во развојот и ескалацијата на цитокинска бура кај пациенти со COVID-19.

Тој е важен маркер што може да помогне во идентификувањето на овој интензивен инфламаторен одговор кај пациентите со COVID-19, и во следењето и прогнозата на нивната состојба. Вредностите на IL-6, секогаш мора да се интерпретираат заедно со клиничката слика на пациентот, во консултација со лекарот

Тестот кој ја мери концентрацијата на IL-6 во крвта е достапен во Плодност по цена од 1000 денари.

Постојат значителни докази и студии дека тешката форма на COVID-19 пропратена со тешка пневмонија, како и други оштетувања на органите, се должи на сериозен инфламаторен одговор и синдром на цитокинска бура, предизвикан од неконтролирано производство на цитокините – особено IL-6. 

Прочитај повеќе

Намалување на цените на COVID-19

НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА COVID-19❗
Имајќи ја во предвид моменталната состојба и моќта на пациентите во време на COVID-19 пандемијата, ние се солидаризираме со нашите пациенти и нудиме дополнителен попуст за изведување на PCR тест за присуство на SARS CoV-2.

  • ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ – поединечно само за lgM или IgG antitela
    Цена 1000ден.
  • ИМУНОЛОШКИ ТЕСТ за концентрација на : IgM антитела и lgG антитела кон SARS-CoV-2  
    Цена 1700ден
  • REAL TIME PCR ТЕСТ за COVID-19
    Намалена цена: 2.500 ден за една особа
    Фамилијарен пакет за две особи 2.400ден. (по особа); за три особи 2.300 ден. (по особа); за четири особи 2.200ден. (по особа)
  • КОМБИНИРАН ТЕСТ:
    Молекуларна PCR  детекција на SARS-CoV-/Covid-19/ i Influenza A+B за сите оние кои сакаат да дознаат дали имаат Covid-19  или сезонски грип.
    Цена 3000ден.
  • ЦЕЛОСЕН ТЕСТ ПАКЕТ:
    Молекуларен+имунолошки тест за вкупна концентрација на антитела.
    Цена 3500 ден.

При посетата на лабораторијата за тест за Covid-19 задолжително ќе треба да се пополни прашалник, превземете го од нашата веб страница.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ, МОЛЕКУЛАРНА ЛАБОРАТОРИЈА СЕ ВАЛИДНИ И ПРИЗНАЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО КОВИД СТАТИСТИКАТА НА ПРИЈАВЕНИТЕ СЛУЧАЕВИ ВО НАШАТА ДРЖАВА.РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ВАЛИДНИ И ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВОЗакажување на тел 076 208 880

*Тестовите се сертифицирани и признати за патување во странство.

Закажете термин на 👉 047/208-883 и 076/208-880

Прочитај повеќе

Обраќање на прим. д-р Таше Трпчевски

Почитувани,

Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.
По увидот на терен на стручните екипи и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.

Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дека, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање.

Целосното обраќање на прим. д-р Таше Трпчевски, директор на Болница „Плодност“, погледнете го подолу:

Прочитај повеќе

ПОВТОРНО ЕДИНСТВЕНИ ВО РЕГИОНОТ – ERA ТЕСТ ЗА ТОЧНА ИЗВЕДБА НА ЕМБРИОТРАНСФЕР

Кај извесен број на жени и покрај трансферирањето на ембриони со добар квалитет и соодветна припрема на матката за транфер, сепак не се постигнува бременост. Имајќи го ова во предвид, можеме да кажеме дека квалитетeн и добар ембрион е значајна почетна точка за успех, но сепак многу битно е и таквиот ембрион да се трансферира во матка која е спремна да го прими.

Кај секоја жена постои точно определен период од менструалниот циклус – т.н. прозорец на имплантација – кога матката е спремна да прими ембрион. Тоа е најчесто помеѓу 19-от и 21-от ден од менстуралниот циклус. Надвор од овој прозорец дури ни најквалитетниот ембрион нема да може да се имплантира. Кај 3 од 10 жени кои се во ИВФ постапка овој прозорец е поместен и отстапува од вообичаениот образец, па поради тоа имаме парови кај кои и покрај трансферирањето на ембриони со врвен квалитет не доаѓа до имплантација.

ERA тестот овозможува најпрецизно одредување на точниот прозорец на имплантација за секоја поединечна пециентка, при што се определува точен ден и час за изведување на ембриотранферот.

Tестот се препорачува кај парови со повторувачки неуспешни имплантации, повторувачки неуспешни ИВФ постапки и покрај трансферирање на добри ембриони, но и кај парови кои се пред првиот ИВФ обид, со цел да се подобрат шансите за успех.

Првично пациентката, од првиот ден на менстуралнииот циклус, се подготвува со специјален протокол за ембриотрансфер. На одреден ден од менстуралниот циклус, со катетер, безболно, се зема мало парче на ткиво од ендометриумот (внатрешниот слој на матката) кое се користи на генетска анализа. Потоа се врши испитување на 248 гени поврзани со имплантацијата, а самиот тест е патентиран од страна на лабораторијата Igenomix во Валенсија, Шпанија.

Во циклусот кога се работи ERA тестот нема ембриотранфер. Ембриотрансферот се изведува со витрифицирани-одмрзнати ембриони или со свежи ембриони добиени од сопствени витрифицирани-одмрзнати јајни клетки или донор јајни клетки, на точниот датум одреден со ERA тестот, припремајќи ја матката идентично како за ERA тестот.

Овој тест го изведуваме во соработка со реномираната лабораторија Igenomix од Валенсија, Шпанија, која важи за светски лидер во областа на репродуктивната генетика. Во нашата болница веќе е изработена серија на пациентки со ERA тестот и стапката на успешност по ембриотранфер значително се зголеми. Благодарение на нашиот магистрант Стефан Матиќ кој ги заврши магистерските студии во Валенсија, Шпанија, дојде до реализација на оваа соработка и до примена на ERA тестот.

Прочитај повеќе

Во Болница ПЛОДНОСТ родено првото бебе во вода во земјава

Синоќа во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во било која болница во Македонија.

Мајката е од Битола, ова е нејзино прво дете и синоќа, околу 23 часот, на свет донесе женско дете. Двете се во одлична состојба, а мајката е пресреќна што на овој начин и беше овозможено породувањето во Болница „Плодност“.

Ова е огромен успех за тимот на Болница „Плодност“, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за прв пат и во Македонија.
Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности: топлината на водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.

Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.

Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот. Болница „Плодност“,следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата , целосно се подготви за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

 

Прочитај повеќе

HPV предизвикува неплодност и кај мажите

Во андрлошкиот кабинет во болница “Плодност”, за прв пат во нашата земја, се воведува комплетен скрининг тест за детекција на присуство на HPV вирусот и негово генотипизирање кај машката популација. Овој тест веќе се изведува во неколку универзитетски центри во Италија, САД, Русија, а со него се овозможува прецизно откривање на инфекциите со HPV кај мажите, дури и во отсуство на било какви видливи знаци.

Нашите ембриолози-андролози неодамна учествуаа на кампус работилница за машки стерилитет, која се одржа во Гент, Белгија, каде за прв пат беа презентирани најновите сознанија за значењето на HPV вирусните инфекции кај мажите и начините за нивно откривање.

Инфекциите предизвикани од HPV претставуваат најчестата вирусна сексуално пренослива болест на светско ниво. Се проценува дека над 90% од секусуално активните лица барем еднаш во животот ќе се инфицираат со овој вирус. Пренесувањето најчесто се случува преку директен контакт на кожата или слузокожата со инфицирана лезија во тек на сексуален однос (најчесто пенетративен), но опишани се и случаи на пренесување при сексуални односи без пенетрација. Употребата на кондом за време на секусалниот однос, го намалува ризикот од инфицирање со HPV, но не обезбедува 100% заштита. Пренесувањето преку долен веш, облека, крпи, иако помалку веројатен, сепак е можен начин на пренесување на вирусот.

Досега се сметаше дека мажите служат само како резервоар на вирусот, кој го пренесуваат на партнерката, но најновите сознанија кои примарно доаѓаат од опсежните студии на д-р Гарола и неговиот тим од Универзитетот во Падова, Италија, покажуваат дека HPV вирусните инфекции можат да бидат и причина за неплодност кај мажите.

HPV вирусот може да се прикачи на сперматозоидите и на тој начин да предизвика намалување на нивната подвижност (астенозооспермија). Во семената течност, покрај прикачен на сперматозоидите, може да биде присутен и во ексфолираните (ислуштени) епителни клетки и да доведе до појава на антиспермални антитела. Присуството на HPV кај мажот, значително го продолжува времето до спонатано забременување кај паровите, а може да биде причина и за повторувачки абортуси, бидејќи вирусот бил изолиран од ембрионални клетки кај инфицирани парови со повторувачки абортуси. HPV вирусната инфекција ја намалува и стапката на успешност на интраутерините инсеминации и ИВФ постапките.

На светско ниво, една третина од карциномите на пенис и околу 85% од аналните карциноми се последица на HPV вирусни инфекции. HPV кај мажите може да доведе и до појава на орофарингеални и ларингеални карциноми.

Најголем дел од HPV инфекциите кај мажите се асимптоматски и минливи, т.е. вирусот е присутен, додека било какви знаци и симптоми не се забележуваат. Ваквите инфекции се нарекуваат субклинички или латентни инфекции, при што вирусот може да се пренесува помеѓу партнерите и да предизвикува здравствени проблеми. Гениталните брадавици (кондиломи) се исто така причинети од HPV (најчесто нисокризични генотипови 6 и 11). Времето за појава на генитални брадавици од моментот на инфицирање изнесува од 2-8 месеци.

За разлика од жените, кај мажите преваленцата на HPV вирусните инфекции останува иста во текот на целиот живот. Постојат бројни фактори кои го зголемуваат ризикот за инфицирање со овој вирус, и тоа: присуство на вирусот кај партнерката, рано започнување со сексуални односи, повеќе сексуални партнерки, ризично однесување, некористење или неправилно користење на кондом, пушење, компромитиран имунолошки систем. Присуството на други сексуално преносливи инфекции (хламидија, генитален херпес) исто така го зголемува ризикот за инфицирање со HPV вирусот, преку предивикување на воспаление и оштетување на епителот на гениталниот тракт. Во нашиот андролошки кабинет се врши и скрининг за сите сексуално преносливи инфекции, кои сами по себе можат да бидат причина за машки стерилитет.

Мора да се напомене дека имунолошкиот систем кај мажите, во просек за 6 месеци самостојно и комплетно се справува со HPV инфекциите, но во одредени случаи вирусот може да се задржи многу подолго. Имунитет создаден на ваков начин не е долготраен и не спречува повторно инфицирање. Поради тоа, во многу земји се размислува за воведување на вакцинацијата против HPV кај мажите, следејќи го успешниот пример на неколку земји во светот (Австралија, Канада, Австрија). Д-р Гарола и неговиот тим, покажаа голем успех и со терапевтска вакцинација на веќе инфицираните мажи, дури и со генотипови кои не ги опфаќа вакцината, бидејќи на тој начин значително се намалува времето потребно за отстранување на вирусот од телото.

Следејќи ги препораките на еминентни експерти од полето на машката неплодност и андрологијата, кои беа презентирани во Гент, Белгија, во нашата болница се спроведува задолжителен скрининг на мажите кога кај партнерката ќе се потврди присуство на HPV инфекција, скрининг на мажите од паровите со стерилитет со идиопатска (непозната) етиологија или машки фактор (намалена подвижност и антиспермални антитела, зголемена ДНК фрагментација на сперматозоидите) како и скрининг пред започнување со ИВФ постапка. Скринингот се изведува и кај лица со ризично сексуално однесување или присутни надворешни промени. Скринингот е неинвазивен и не носи ризик по здравјето на мажот. За точно и прецизно одредување на вирусот, неопходно е пациентот да не уринира минимум 2 часа пред скринингот.

Прочитај повеќе