45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Femoflor Screen Анализа

Вагиналниот микробиом претставува комплексен динамичен систем врз чиј состав влијаат одредени фактори како возраст, сексуална активност, хормонален статус, користење на хормонска терапија, орални контрацептиви или антибиотска терапија. Во вагиналната флора кај здрави жени доминираат  lactobacilli-те кои се индикатори за присуство на нормална микрофлора. Вагиналната дизбиоза може да биде предизвикана од намножување на анаеробни микроорганизми, микоплазми, квасци како и патогени микроорганизми.

Femoflor Screen тестот овозможува детекција на облигатни анаеробни микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.),вируси (Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus),  како и Chlamydia и Mycoplasma genitalium кои инаку бараат специфични услови за раст на култури или воопшто не можат да бидат култивирани. Детекцијата на сите овие микроорганизми е можна со само неколку часовна анализа при која се врши екстракција на нуклеинската киселина од микроорганизмите присутни во примерокот и нејзина амплификација со Multiplex Real Time PCR методата.

Femoflor Screen Real Time PCR анализата овозможува квантитативна детекција на вкупната бактериска маса, lactobacilli-те, анаеробните микроорганизми (Gardnerella vaginalis/Prevotella bivia/Porphyromonas spp.), Candida spp., Ureaplasma spp., Mycoplasma hominis, како и квалитативна детекција на патогените микроорганизми како Mycoplasma genitalium, Trichomonas vaginalis, Neisseria gonorrhoeae, Chlamydia trachomatis и вирусните паготени – Herpes simplex 1, Herpes simplex 2 и Cytomegalovirus.

Сексуално преносливите патогени може да доведат до неплодност и до зголемен ризик за спонтан абортус, така што оваа анализа е погодна за детекција на ваквите патогени микроорганизми. Femoflor Screen анализата е погодна за жени во репродуктивна возраст, бремени жени како и за жени во менопауза кои примаат хормонална терапија,  што овозможува следење на ефектот од оваа терапија врз вагиналната флора.