Многу ретка дијагноза откриена од страна на д-р Ристески
Нов случај ретка дијаноза е откриен во Болница „Плодност“. Едногодишно дете, кое што во нашата болница беше донесено со стомачни болки, кои траеле неколку денови, по прегледот извршен од страна на д-р Александар Ристески, дијагностициран е редок случај на интусусцепција, односно инволвирање на црево во црево.
Пациентот беше упатен на хируршката клинина во Скопје, каде што, по хируршкиот зафат, се потврди дијагнозата на д-р Ристески и итноста од решавање на овој проблем, поради заканата по живот на малиот пациент. Ова е многу редок случај (case-report) на дијагноза, кој што во Болница „Плодност“ може да се дијагностицира, благодарение на стручноста на тимот на педијатри, неонатолози и ренгенолози.