Болница ПЛОДНОСТ дел од мисијата за искоренување на полио
Ротари клубот “Широк Сокак” од Битола беше организатор на панел дискусијата за искоренување на детската парализа. Нашите докторки педијатри, прим.д-р Аница Апчевска и д-р Маргарита Камбовска, беа дел од оваа панел дискусија, со цел да дадат свој придонес во искоренувањето на полиото, кое најчесто ги зафаќа децата под 5 години, а за оава болест не постои лек.
Сепак, превентивата е во вакцинирањето. Затоа, предавачите преку свои излагања ги посочија придобивките од редовна имунизација, но и последиците од неспроведување на истата. На трибината, покрај нашите докторки, учествуваа и д-р Хелга Павловска и Моника Марковска од Ротари клуб Широк Сокак.