45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Цели, мисија и визија

ЦЕЛИ

Основната цел на ПЗУ Специјална болница „Плодност“, е да обезбеди најдобра можна заштита на ниво на светските стандарди за сопствените пациенти. Тоа се реализира со постојано унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа, како и со воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи. На тој начин се зголемува ефикасноста, преку унапредување на професионалноста и квалитетот на третманот на нашите пациенти и нивните деца, во љубезна и пријателска средина.

МИСИЈА

ПЗУ Специјална болница „Плодност“- Битола обезбедува сеопфатна грижа за сите општи гинеколошки проблеми. Болницата нуди дијагностички, биохемиски и радиолошки услуги, како и услуги во ИВФ одделот, породување, пренатална и постнатална нега, грижа за новородените и специјализирани совети од областа на здравјето на жената, на ниво на секундарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита. Врвниот професионален медицински тим, нудејќи здравствени услуги по светски стандарди, со примена на најсовремена медицинска технологија и најнови методи на работа, им обезбедува на пациентите најдобар квалитет и ефикасна здравствена услуга. Одличната соработка помеѓу пациентот и лекарот претставува клуч за добар резултат од третманот или прегледот. Ваквиот пристап на тимот на Болница „Плодност“ им дава чувство на прифатеност, сигурност и безбедност на пациентите, што е пресуден фактор и нераскинлива алка за брзото опоравување на пациентите и здравјето на нивните деца.

ВИЗИЈА

ПЗУ Специјална болница „Плодност“- Битола е мултидисциплинарна и модерна болница, каде персоналот во целост го насочува вниманието кон пациентот. Болницата, постојано унапредувајќи го својот квалитет на работа со нова најсовремена апаратура и постојана надградба на својот персонал, веќе е регионален лидер, што се покажува со постојаниот пораст на пациенти од сите градови во регионот, па и пошироко. Во иднина, останува единствената заложба – стремеж да се остане лидер во регионот и пошироко, со примена на најсовремени превентивни, дијагностички и терапевтски методи и достигнување на највисоко ниво на стручност и квалитет во дадените услуги. На овој начин болницата ќе остане посветена во барањата на пациентите, тие да ја добијат потребната медицинска грижа и нега.

ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ НА БОЛНИЦАТА

Грижа за пациентите

Пациентите се во центарот на сите активности на установата, а персоналот е фокусиран на квалитетот на услугите, безбедноста на пациентите и нивната сигурност при обезбедување на здравствената заштита. Во Болница „Плодност“ се почитуваат правата на пациентите, во отсуство на било каков облик на дискриминација и спроведување на правичност.

Посветеност

Поставените стандарди за квалитетна здравствена услуга и нивната секојдневна примена, ја докажуваат посветеноста на персоналот во унапредување на квалитетот на услугите, безбедноста и задоволството на пациентите.

Унапредување на комуникациите

Болницата применува постојана надградба на современата информациска и комуникациска технологија, со цел да е подостапна на пациентите и да ги приближи своите услуги до јавноста, користејќи ги современите комуникациски форми и нудејќи информации до медиумите.

Постојана надградба

Болница „Плодност“ постојано се стреми да го одржи високото ниво на стручност и постојано унапредување на квалитетот на работата на персоналот, со цел давање на безбедни здравствени услуги. Тоа се постигнува со посета на врвни семинари и обуки на персоналот во сите области на нивното делување. Тимската работа во функционирањето на секојдневните обврски и сплотеноста на вработените претставуваат непроценлив капитал.

Транспарентност

Болница „Плодност“ на својата веб страна ги има сите податоци потребни за пациентите за нејзината работа, персонал, со што во целост ги исполнува условите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Достапна е на електронски начин преку и-мејл адреса и во дел од социјалните мрежи, со што ги исполнува условите за отчетност и транспарентност кон своите пациенти.

Врвна техничка и медицинска опременост

Болница „Плодност“ постојано ги следи новитетите во медицинската технологија и за потребите на своите пациенти редовно набавува опрема по најсовремени светски стандарди, од реномирани производители. На тој начин останува во чекор со светските новитети и медицински постигнувања.

Општествена одговорност

Болница „Плодност“ во голема мерка го применува начелото на општествена одговороност. Досега во повеќе наврати со донации или практична примена, помогнала при лекувања, напредок на развојот на културата, општествени надградби итн.

Акредитација

Постојано следење на унапредувањето на квалитетот на нашите услуги низ процесот на акредитација и други начини на пратење на постојаното унапредување.

Одговорно лице за приговори и жалби од пациентите е Главната сестра на Болница „Плодност“ Ребека Алексовска.