45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

БМИ Калкулатор

hiddenppath hiddenppath

Menu

Hello!

Welcome!

Here you can calculate your bmi and bmr.

Choose option on the left.

Несоодветната телесна тежина може да биди причина за одредени проблеми во бременоста.
Потхранетите трудници или оние со помала тежина ( под 85% од идеалната ) почесто раѓаат деца со мала телесна маса. Трудниците со прекумерна телесна тежина ( над 135 % од идеалната ) имаат поголем ризик за појава на покачен крвен притисок и гестациска шеќерна болест.

Идеална телесна тежина во бременост
Во бременост најдобро е да се влезе со идеална телесна тежина. Во текот на бременоста се препорачува да се додаде до максимум 20% од идеалната телесна тежина ( 9 – 11,5 кг ). Најголем дел од таа тежина ( 4,5 – 6 кг ) се добива во последниот триместар, ( 3,5 -5,5 кг. ) во вториот триместар, а само 2 кг. во првиот триместар.

Ни премногу , ни премалку храна
Одберете здрав начин на исхрана, така што ќе го зголемите калорискиот внес со најмалку три комплетни оброци дневно, почести ужини и повеќе млеко и природни сокови. Никако не се препорачува диета, само мала промена на навиките за исхрана ( храна која содржи помалку масти и повеќе влакна и посно месо – риба, живина, житарици и многу вода. Редовна физичка активност.