45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

Covid 19 Plodnost Hospital

Неколку клучни прашања и одговори за вакцините против COVID-19

Одговори на најчестите прашања за вакцините против корона вирусот и неплодноста

Приложуваме одговори за најчесто поставувани прашања со кои се сретнуваме во пракса со пациентите кои имаат проблеми со неплодност. Одговорите се базирани на основа на сознанија на Британското друштво за неплодност и Здружението на репродуктивни и клинички научници кои го создадоа овој документ како одговор на прашањата што пациентите ги поставувале за вакцините Covid-19 и неплодноста.(февруари 2021)

Дали луѓето во репродуктивна возраст треба да примат вакцина Covid-19

Одговор: Да
Објаснување: На луѓето во репродуктивна возраст им се препорачува да се вакцинираат кога ќе ја добијат поканата за вакцинација. Ова ги вклучува оние кои се обидуваат да имаат бебе, како и оние за кои размислуваат да имаат бебе, без разлика дали тоа е во блиска иднина или за неколку години.

Може ли некоја од вакцините Covid-19 да влијае на плодноста?

Одговор: Не
Објаснување: Нема апсолутно никакви докази и нема теоретска причина дека било која од вакцините може да влијае на плодноста кај жените и мажите.

Може ли да примам вакцина Covid-19 за време на третманот  за неплодност (ИВФ, замрзанти ембрион, јајчни клетки, сперматозоиди, индукција на овулација, инсеминација, користење на донирани гамети итн)?

Одговор: Да
Објаснување: Можеби ќе треба да го испланирате времето за вакцинација за Covid-19 за време на вашиот третман за неплодност земајќи во предвид дека некои луѓе може да добијат вознемирувачки несакани ефекти неколку дена после вакцинација кои не е пожелно да ги имаат за време на третманот( болка на местото на инектирање, треска, главоболка, болка во мускулите или чувство на замор).

Дали треба да го одложам третманот за неплодност сè додека не ја примам вакцината Covid-19?

Одговор: Не
Објаснување: Единствената причина да размислите за одложување на третманот за неплодност сè додека не сте биле вакцинирани би било ако сакате да бидете заштитени од Ковид-19 пред да бидете бремени.

Колку брзо по вакцинирањето Covid-19  можам да започнам со третманот за неплодност?

Одговор: Веднаш
Објаснување: Не треба да го одложувате третманот за неплодност

Денес имав позитивен тест за бременост. Дали сè уште можам да примам вакцина Covid-19?

Одговор: Да ако сте во ризична категорија
Објаснување: Ако сте во ризична категорија за Covid-19, или заради потенцијална изложеност на работа-медицински персонал, се уште можете да ја примите вакцината во бременоста, но ако немате зголемени ризици за Covid-19, заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) ве советува да ја одложите вакцинацијата после бременоста. Нема причина да се верува дека некоја од вакцините Covid-19 би биле штетни, но нивните ефекти во бременоста сè уште не се испитани во целост. Информацијата што е позната е уверлива. Ниту една од вакцините не содржи жив вирус така да нема ризик дека бремената жена или нејзиното бебе може да добијат Covid-19 од вакцината. За повеќе информации за вакцинацијата во бременоста, видете ги информациите произведени од Royal College акушери и гинеколози тука.

Јас сакам да  ги донирам моите јајца / сперматозоиди за употреба на други. Дали сè уште можам да примам вакцина Covid-19?

Одговор: Да
Објаснување: Вакцините Covid-19 не содржат вирус и затоа не можете да го пренесете Covid-19 со примање на вакцината. The Human Fertilization & Embriology Authoritу препорачува да поминат најмалку 7 дена од вакцинацијата пред донирањето на јајните клетки или сперматозоиди. Ако донаторот се чувствува лошо по вакцинирањето, тие не смеат да донираат 7 дена откако ќе се појават симптомите. Прочитајте повеќе тука.

Имав повторни спонтани абортуси и сега се обидувам да забременам повторно. Дали треба да ја одложам вакцината со Covid-19?

Одговор: Не
Објаснување: Нема причина да се одложи земањето на вакцината против Covid-19 бидејќи нема да влијае на ризикот од абортус.