45% УСПЕШНОСТ ВО ИВФ ПОСТАПКИТЕ

  • македонски

Работно време: : 24/7
  Контакт : +389 47 208 880

plodnost pregnant woman

За сите пациентки кои се бремени ова лето. Победете ја топлината!

Бременоста може да направи летото да изгледа уште потопло.  

🔄Но, следењето на неколку едноставни упатства може да ве направи да се чуствувате многу посвежо.

☀️Топлината и влажноста, иако се непријатни за повеќето луѓе, носат поголема тежина на бремените жени.

 🥵„Топлинска нетолеранција“

Кога сте бремени, температурата на вашето тело е веќе малку повисока од нормалната, па надворешната температура  сигурно ќе ве натера да се чувствувате уште понепријатно.

Д-р. Кристинка Пајаковска ги советува идните мајки да обрнат внимание на предупредувањата за денови кога имаме топлотни бранови.  

1️⃣Ако индексот на топлина е во портокалова фаза, тогаш треба да бидете што е можно повеќе во затворен простор со вклучена климатизација. Нанесување на влажна крпа на задниот дел на вратот, на челото или на горниот дел од главата е исто така едноставен начин да ја намалите телесната температура.

2️⃣Поради фактот дека во летно време се губат повеќе течности бидете сигурни дека внесувате доволно течност додава Д-р. Кристинка Пајаковска.

Вода со цеден лимон е секогаш најдобар избор, но исто така сок од портокал, млеко и пијалоци, кои ги заменуваат електролитите кои се губат при потење се исто така добри додатоци за хидратација кај бремените жени 💦

❗️Внимавајте, премногу вода може да биде проблем исто како и премалку вода.

Прекумерната хидратација со вода може уште повеќе да ги разредува вашите електролити и може да предизвика замор на мускулите и грчеви.

Ако се чуствувате жедни, веќе сте дехидрирани додава Д-р. Кристинка Пајаковска затоа бидете сигурни дека пиете доволно течности во текот на целиот ден.

3️⃣Разладување кога сте надвор на базен или плажа 🏝 

Не само што пливањето ве разладува, туку помага да симнете дел од тежината на ишиатчниот нерв. 

Носете алишта направени од природен материјал за да не се потите; ова ќе ве разлади и ќе помогне да се спречи осип од топлина што може да се развие под градите и стомакот (вообичаен проблем за бремените жени).

Избегнувајте изложување на директно сонце, бидејќи бремените жени се повеќе склони кон изгореници од сонце.

Користете крема со висок заштитен фактор за сончање.  

Влезете во затворени простории при првиот знак на слабост, замор, вртоглавица, зашеметеност или прекумерна жед. Испијте ладна вода или течност за замена на електролити. 

Ако не се чувствувате подобро наскоро, јавете се кај вашиот лекар.

4️⃣Дишењето е исто така важен фактор во летните денови.  Дишењето ја испушта топлината, затоа бидете сигурни дека имате добар ритам на дишење (некои луѓе дишат или премногу брзо или премногу бавно), ако веќе имате проблем со дишењето поради алергии или астма, останете во затворен простор.

5️⃣Друг вообичаен проблем со бременоста во лето е оток на нозете – наречен физиолошки едем.

Легнете 30 до 60 минути на ден, или на крајот од работниот ден или за време на ручекот.

Нозете држете ги подигнати додека спиете, ставајќи завиткан пешкир или ќебе под душекот во подножјето на креветот.

Носете удобни чевли и доколку е можно, носете резервен пар чевли кои се за половина поголеми од вашата вообичаена големина.

Прошетајте два до три пати неделно во вечерните часови од денот.

Отстранете го накитот да превенирате отоци. 

❗️🧂Намалете, но не ја елиминирајте солта од вашата исхрана. Солта содржи јод, суштински елемент за здравјето на фетусот.

Не земајте никакви диуретични супстанции. Диуретиците можат да предизвикаат губење на електролити што може да го загрози фетусот.

Ако ги следите сите овие совети, вели Д-р. Кристинка Пајаковска, многу добро ќе можете да ја игнорирате жештината и да се вратите на уживањето во возбудата кога го чекате доаѓањето на вашето бебе👶🏻