Значењето на исхраната, хигиената и физичките активности кај младата популација

Значењето на исхраната, хигиената и физичките активности кај младата популација

Со цел да се зголеми и развива свеста од најмала возраст кај децата околу здравите навики на живеење, поврзани со исхраната, хигиената и физичките активности, најмладите членови од Академијата за боречки вештини За-Нет-До ја посетија Болница „Плодност“ и беа дел од едукативната дружба со д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар.

Д-р Камбовска истакна дека постои едукативна програма од овој вид која е наменета за училиштата, но сепак таа не се реализира насекаде исто. Тренерот на групата ФИТ деца, Дијана Неделковска посочи дека сака кај своите ученици да поттикне здрави навики, кои не опфаќаат само тренирање, туку и различни консултации со стручни лица.

Предвидената посета од половина час се претвори во вистинска комуникативна средба на задоволство на децата и на д-р Камбовска, која траеше повеќе еден час, затоа што сите сакаа да ги споделат своите искуства и сознанија за овие теми. Децата покажаа одлични познавања за исхраната, хигиената и физичките активности, како и за здравите навики на живот и користењето на компјутерите и мобилните телефони.

Болница Плодност Битола