51,18% УСПЕШНОСТ ВО IVF ПОСТАПКИТЕ

Tел: +389 47 208 880

БМИ Калкулатор - BMI Calculator

Body mass index (BMI) или индексот на телесна тежина (ИТТ) претставува статистичка пресметка кај луѓето која ја споредува телесната тежина со телесната висина со цел да добие увид дали тежината која ја има поединецот е соодветна за него. Тоа е најмасовната формула употребувана од здравствени работници за утврдување на проблеми со тежината кај популацијата.

 

SI [cm,kg] Imperial [ft,lbs]

Внесете ја вашата возраст: [ГГ]
Внесете ја вашата виcина: [cm]
Внесете ја вашата тежина: [kg]

 

 

Несоодветната телесна тежина може да биди причина за одредени проблеми во бременоста.

Потхранетите трудници или оние со помала тежина ( под 85% од идеалната ) почесто раѓаат деца со мала телесна маса. Трудниците со прекумерна телесна тежина ( над 135 % од идеалната ) имаат поголем ризик за појава на покачен крвен притисок и гестациска шеќерна болест.

 

Идеална телесна тежина во бременост

Во бременост најдобро е да се влезе со идеална телесна тежина. Во текот на бременоста се препорачува да се додаде до максимум 20% од идеалната телесна тежина ( 9 – 11,5 кг ). Најголем дел од таа тежина ( 4,5 – 6 кг ) се добива во последниот триместар, ( 3,5 -5,5 кг. ) во вториот триместар, а само 2 кг. во првиот триместар.

 

Ни премногу , ни премалку храна

Одберете здрав начин на исхрана, така што ќе го зголемите калорискиот внес со најмалку три комплетни оброци дневно, почести ужини и повеќе млеко и природни сокови. Никако не се препорачува диета, само мала промена на навиките за исхрана ( храна која содржи помалку масти и повеќе влакна и посно месо – риба, живина, житарици и многу вода. Редовна физичка активност.