Wertheim операција - за прв пат во Битола и регионот

Wertheim операција - за прв пат во Битола и регионот

За прв пат во историјата на Битола е направена радикална хистеректомија со карлична лимфнаденектомија (вадење на лимфните жлезди од мала карлица). Ова е најголемата и најсложната операција што се прави во гинекологијата. Се применува кај жени со карцином на грлото на матката или слузницата на матката во стадиум I и II. Операцијата вклучува комплетно вадење на матка, горна третина од вагината и околните структури (параметра) на грлото на матката до карличниот ѕид.

- Особено ние драго што за прв пат во историјата на битолската медицина ја применивме оваа операција во нашата болница која не се извршува во Клиничката Болница во Битола со што го потврдуваме фактот дека и понатаму ги следиме сите текови на модерната хирургија. Нашата идна заложба е оваа иста операија да ја извршуваме лапарoскопски, вели сопственикот на Болница Плодност др.Таше Трпчевски.

Заслужни за овој голем зафат се сите гинеколози, др.Благојче Обедниковски, др.Таше Трпчевски, др.Владимир Поповски, др.Владко Ѓоргиевски, др.Кристинка Пајаковска, др.Марија Христовска, анестезиолозите др.Трајан Ивановски, др.Васко Димитровски, др.Раде Бијелиќ, инструментарките м.с Анета, Билјана, Мери, Емилија и Жанета и персоналот од интензивна нега.

Операцијата траеше 4 часа.
Очекуваме дека сите пациенти со карцином со стадиум I и II од југозападниот регион да се оперираат кај нас.

Текот на операцијата преку фотографии!

Болница Плодност Битола