Светски ден на прематуритетот

Светски ден на прематуритетот

Предвремено породување е водечка причина за смртност кај новороденчињата во нашата земја , како и во светот. Новородените кои се родени предвремено имаат многу повеке здравстевени проблеми споредено со доносените новородени ( со нивните бели дрбовви, срцето и кардиоваскуларниот систем, слухот, видот итн.).Светски ден на прематуритетот на 17 Ноември ја подигнува свеста за оваа медицинска патологија.

Токму поради тоа и нашата болница е дел од светскиот тренд на ова глобално движење.Многу земји во светот учествуваат во истот и организираат низа на активности , советувања со што ја зголемуваат свесноста и одговорноста кај родителите за оваа состојба со цел нејзино превенирање и што помала инциденца на истата.

Светскиот тренд на ициденца на прематуритет за прв пат во 2016 година имаше тренд на влошување. Околу 15 милиони бебиња се рагаат како недоносени ( помали од 37 гестациска недела) годишно во целиот свет.

– Во светски рамки процентот на предвремено родени дечиња изнесува меѓу 9 и 12%, и најодговорно можам да тврдам дека болница Плодност со својот тим успешно работи и се вклопува во овој процент, успешно ги прати овие светски трендови, на секои 10 раѓања, едно детенце се раѓа предвремено, таа стапка зависи пред се од квалитетот на медицинската грижа, потоа од економскиот момент и степенот на медицинската култура на народот, изјави Др. Влатко Ѓорѓиевски специјалист, гинеколог, акушер

dr-Vlatko

За прв пат интернационален ден за прематуритет беше означен на 17 Ноември од страна на Евроспкото здружение на родители во 2008 година, а за Светски ден на прематуритетот официјално е од 2011 година. Групи на родители, фамилии, медицински работници, политичари, болници и други организации го означуваат овој ден со медиуми, локални настани и други активности со цел подигнување на свеста во јавноста за овој здравствен проблем.

За разлика од порано сега е напредната медицината и науката така родители и здравствените работници кои се соочуваат со овој проблем веќе не се фокусираат само на преживувањето, туку и кон обезбедување најдобар можен почеток во животот за овие бебиња и подобро искуство на нивните семејства, додека бебињата се во болница и по доаѓањето дома.

– Болница Плодност со својот тим има можност има капацитет и стручност и одлична екипираност за решавање на вакви случаи, вели тој.

50 проценти од сите предвремени породувања настануваат од непознати причини, но има и бројни познати ризик-фактори кои треба да ги знаеме за да се превенира или предвиди предвременото породување.-Посебно заради овие ризик фактори потребно е свртување внимание кон превенција на сето тоа, а таа најдобро е да се отпочне уште од најраните мигови, од моментот кога се планира бременоста, и под добра грижа и контола на гинеколози, акушери, педијатри и сето тоа да заврши со раѓање и донесување на свет на здраво новороденче, изјави Др. Лилјана Чипуровска педијатар

dr.Liljana-

Во нашата болница во текот на минатата година од вкупниот број имавме 29 недоносени новороденчиња. Во моментот имаме три недоносени новороденчиња добиени со ИВФ во нашиот центар за ИВФ. Во текот на овие години нашата статистика бележи тренд на згомен број на породувања на годишен ранг , а намален процент на недоносени новороденчиња.

– Ние во овој оддел имаме две новороденчиња недоносени, родени се пред 33-та гестациска недела и двете се со мала родилна тежина, и тие захтеваат посебна нега и грижа во инкубатор под посебна специјална нега од цел екипаж во неонатолошкиот оддел, вели таа.

Основната цел на Специјалната болница Плодност е да обезбеди најдобра можна заштита на ниво на светските стандарди. Инаку овој ден покрај здравствените работници го одбележуваат и родителите преку голем број национални родителски организации во речиси сите држави во светот и целата јавност.

Болница Плодност Битола