Психологија

Психофизичка припрема на бремени

Во болница Плодност Битола пости психолошка служба чија главна цел е овозмозување на психолошка помош на граѓаните за полесно надминување на стресните моменти во животот и справување со негативни емоции и состојби ( страв,анксиозност,лутина,тага депресија,панични напади,фобии и тн).

Наша визија е да дадеме придонес во постигнување на комплетна добросостојба кај луѓето,да работејки на себе со наша помош ги постигнат сопствените цели,така што ќе го живеат животот слободни и со чувство на исполетост,со радост и возбуда ќе го очекуваат секој нов ден.

За таа цел,она што ние го нудиме е:

- Психолошки тестирања
- Советување за зголемување на шансите за забременување по природен пат
- Советување за ослободување од стресот и негативните емоции што ги носи неплодноста
- Психолошка припрема за породување и постигнување на одлична психофизичка состојба на идната мајка
- Психолошко советување после породување за олеснување на прилагодувањето на мајката во новите животни услови
- Психолошко советување и поддршка за надминување на постпородилна депресија
- Советување и поддршка после изгубена бременост,спонтан абортус или мртвородено бебе
- Помош на родителите во решавање на проблемите и конфликтите со нивните деца(што ќе резултира со задоволни родители горди на своите деца)
- Советување за надминување на анксиозност, страв, депресија, панични напади, фобии, опсесивни мисли.

За повеќе информации контактирајте не на телефоните:
+389 47 208 880; +389 47 208 881;

E-mail: info@plodnost.com.mk