Неонатологија

Одделот за Неонатологија пружа најсовремени услови за третман на здрави новородени и полуинтензивна нега. Во одделот се спроведува системот мајка/дете (rooming in).

За време на престојот на новороденото се применува ултразвучен и клинички скрининг на колкчиња кај новородените, скрининг за хипотиреоза, ехокардиогравски и ултразвучен преглед на ЦНС, третман на постпородилна жолтица, давање на БЦГ и Хепатитис Б вакцина.

Во склоп на одделот постои современа лабораториска дијагностика како и можност за примена на дигитална ренгенска дијагностика. На мајките им се пружа едукација за успешно доење по системот “десет чекори до успешно доење” од тим на високо едуцирани сестри.

Одделот располага со посебен простор за изолација на новородени со постпородилни инфекции и нивен соодветен стручен и навремен третман со адекватна терапија, како и 24 часовен мониторинг.

Полуинтензивната нега располага со 3 инкубатори со придружна опрема за интензивна нега (инфузиомати, перфузори, монитори, фото лампи, вормери, биличек, ултразвучен апарат ). Одделот располага со најсовремен транспортен инкубатор за новородени како и високо софистрицирано сопствено транспортно амбулантско возило достапно 24 часа.

Во склоп на одделот за неонтологија функционира амбуланта каде перманентно се следат новородените во нивниот раст и развој. Тимот на неонатологија е составен од два неонатолози и високо едуциран високо медицински персонал.

Неонатолошки услуги

Во склоп на болницата Плодност работи неонатолошкото одделение, врвно опремено со најнова медицинска опрема како и со едуциран персонал и притоа ги дава следните услуги:

  • Предпородилна едукација на родители
  • Реанимација, стабилизација и третман на новородените деца
  • TSH screening
  • Ортопедски и кардиолошки скрининг
  • Транскутано (бескрвно ) одредување на билирубин, како и лекување на хипербилирубинемиите со фототерапија
  • Едукација за доење
  • Едукација за нега на новороденче
  • Вакцинација против хепатитис Б и туберкулоза

За повеќе информации контактирајте не на телефоните:
+389 47 208 880; +389 47 208 881;

E-mail: info@plodnost.com.mk