Оперативен Блок

Во склоп на ПЗУ ПЛОДНОСТ ( Центар за лекување на неплодност) функционира оперативен блок, кој се состои од две најсовремено опремени операциони сали и една сала за интервенции во состав на дневна болница.

Оперативните сали имаат можност за директно пренесување на операциите со видео, аудио опрема и правење на електронски запис на текот на операциите. Во секоја сала има 4 екрани за пратење на операциите од страна на анестезиолошкиот тим, асистентите и инструментарките.

Се работат најразновидни операции – класични – отворени и сите ендоскопски, реализирани од високо стручен кадар полн со ентузијазам и мотивација.

Вработени се четири инструментарки едуцирани во различи центри. Се работи по протоколи за работа во оперативен блок, со посебно внимание на стерилност, контрола на потрошен материјал.

За сите оперативни зфати се користи стерилен веш за еднократна употреба.

Во состав на оперативниот блок се наоѓа и одделот за стерилизација- централна стерилизација. Во оваа работна просторија која е сочинета од три простории каде се врши припрема, дезинфекција и стерилизација на сите потребни инструменти за хируршки интервенции.

Располага со:

- машина за миење и дезинфекција на инструменти
- апарат на водена пареа за стерилизација
- апарат за миење и дезинфекција на аспиратори
- апарат за пакирање на инструменти.

Со овој дел работи медицинска сестра – инструментарка со долгогодишно искуство, едуцирана во повеќе здравствени установи надвор од нашата земја и носител на сертификат за работата која ја работи.

Персонал во Оперативен Блок:

Јошевска Анета, Дипл.Мед.Сестра
Михевска Мери, Дипл.Мед.Сестра
Наумовска С. Билјана, Дипл.Мед.Сестра
Ниоловска Емилија, Мед.Сестра

Стерилизација
Стефановска Веселица Жанета, Мед.Сестра

КОНТАКТ

aneta.josevska@plodnost.com.mk
+389 72 220 262

За повеќе информации контактирајте не на телефоните:
+389 47 208 880; +389 47 208 881;

E-mail: info@plodnost.com.mk