Лабораторија

Ентузијазмот, вербата во успехот и фокусирањето кон иднината се клучот за успехот во нашата специјалистичка дијагностичка лабораторија, која е во чекор со светските трендови и нуди комплетна лабораториска дијагностика од високо стручни и специјализирани кадри и најсовремена опрема.

Блискиот контакт со нашите пациенти, како и иновативните производи, поврзани со посветеноста и агажманот на сите вработени во нашата лабораторија се стреми кон активен развој на современата клиничка лабораториска медицина и лабораториска дијагностика воопшто.

Нашата лабораторија е достапна за секој пациент и ги врши следите испитувања:

- хормонски;
- испитување на тумор маркери;
- комплетни биохемиски и хематолошки анализи;
- инфективни заболувања;
- хомостаза;
- диференцијална крвна слика;
- рано откривање на аномалии на плодот (Prisca).

Основните етапи во лабораториската IVF програма можат да се поделат во:

- вадење на јајце клетките од аспиратот
- идентификација и класификација на ооцитите
- анализа на семето и одбирање на методата која е потребна за негова обработка (Swim-Up, Percoll)
- одбирање на најпогодната метода на асистирана репродукција за секој брачен пар (IVF, ICSI, MICRODROP) и нивна стручна изведба
- утврдување на успешноста на фертилизацијата
- анализа на зачетокот
- можност за временско одредување на ембрио-трансферот за време од 48-72 часа (после аспирација) со помош на хранлив медиум за визиолошко одржување на зачетокот
- ембрио трансфер, пренос на зачетокот
- основа за замрзнување на семето и зачетокот, како и нивна примена
- лабораториска обработка на семето добиена со MESA, TESA или PESA, како и примена на ICSI методи како eдинствена метода која одговара

Лабораторијата при Болница Плодност ги нуди следните услуги и испитувања:

  • Хормонски
  • Испитување на тумор маркери
  • Комплетни биохемиски и хематолошки анализи
  • Инфективни заболувања
  • Хомостаза
  • Диференцијална крвна слика
  • Рано откривање на аномалии на плодот (Prisca)

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТИ

Како да се подготвите за земање биолошки материјал

  • За повеќето лабораториски испитувања на крв неопходно е земање на примерок наутро (на празен стомак) 12 часа по последниот оброк;
  • пред вадењето на крв да не се земаат лекови (во договор со лекар) и препарати кои би влијаеле на резултатите;/li>
  • да се избегнува интензивна физичка активност 2 дена пред земање на крв;
  • се препорачува времето помеѓу земањето на лек и вадењето на крв за протромбинско време-ПТ да биде 12 часа. Внес на храна со зголемена содржина на витамин К и внес на други лекови може да влијае на резултатот;
  • за хемиски преглед на урина и седимент неопходно е да се земе првата утринска урина во чист сад и во најкраток можен рок (до 2 часа) да се донесе во лабораторијата или да се чува во фрижидер ( или соодветен сад на +4ºЦ) до доаѓањето во лабораторијата;
  • Диференцијална крвна слика
  • за анализа на 24 часовна урина потребно е да се испие околу 1,5-2л вода и измокрената урина да се собира во чист сад.

Подготовка при одредување липиден статус

Биолошкиот материјал е венска крв

48 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • да не се конзумира алкохол
  • да се избегнува зголемена физичка активност

24 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • конзумирајте вообичаена, но не премасна храна

12 часа пред земање на биолошкиот материјал:

  • после 19 часот предходниот ден да не се конзумира храна, алкохол, кафе

Одредувањето на холестерол не би требало да се врши пред да поминат 8 недели од:

  • акутен миокарден инфарк
  • трауми или хируршки операции
  • акутни бактериски или вирусни инфекции

Подготовка за изведување ОГТТ (орален глукоза толеранс тест)

Ден пред изведба на тестот 8-12 часа не смеете да внесувате храна, да пушите, и физички да се оптоварувате. 30 мин. пред изведба на тестот и во текот на изведувањето на тестот треба да мирувате.

Постапка на изведување на ОГТТ:/p>

  • Се зема утрински биолошки материјал- крв на гладно
  • Веднаш по земање на материјалот ви се дава да испиете 75 гр. глукоза растворена во 250-300 мл. вода
  • По 60 минути од оптоварувањето со глукоза ви се зема крв
  • По 120 минути од првото земање, повторно се зема крв
  • Во сите примероци се одредува концентрацијата на глукоза во крвта

Постапка за собирање на 24-часовна урина за одредување на:

  • ВКУПНИ ПРОТЕИНИ
  • УРЕА, КРЕАТИНИН, МОЧНА КИСЕЛИНА
  • ЕЛЕКТРОЛИТИ ВО УРИНА

24-часовната урина се собира во еден чист и сув сад (препорачливо од флаширана негазирана вода, со волумен соодветен на измокрената урина).

1. Собирање на 24-часовната урина:

Прв ден:

  • Наутро по станувањето, првата урина што ќе се измокри се фрла
  • Потоа целокупната количина на измокрена урина во текот на денот и ноќта се собира во чисти садови

Вториот ден:

  • Наутро по станувањето се мокри и таа урина се става во собраната урина во чистиот сад од предходниот ден

Важно: Целокупната количина на собраната урина да се донесе истиот ден од 7.30-10.00 часот во нашата лабораторија

За повеќе информации контактирајте не на телефоните:
+389 47 208 880; +389 47 208 881;

E-mail: info@plodnost.com.mk