Брачна неплодност - IVF

Репродуктивна хирургија

Прочитај Повеќе

ИВФ оддел

Прочитај Повеќе

Андролошка лабораторија

Прочитај Повеќе

CRYO лабораторија

Прочитај Повеќе

Познато е дека природната можност на оплодување ( т.е. месечната шанса за оплодување ) кај жените почнува да опаѓа после 30-та година од животот, забрзано опаѓа помеѓу 35-40 година, а оплодувањето околу 45 година достигнува околу нула.

Порастот на жената во години доведува до опаѓање на нејзината фертилност. На тоа опаѓање на фертилноста влијаат бројни фактори како што се намалување на ооцитните резерви, т.е. со текот на годините се намалува резервата на заметни клетки и тоа доведува до намален број на фоликули и нивниот правилен раст, расти бројот на овулациските грешки, се намалува квалитетот на ооцитите а расти бројот на хромозомските грешки што е причина за намалување на ооцитниот оплодувачки потенцијал.

Со порастот на годините доаѓа и до зголемување на гинеколошки и негинеколошки болести кај жената, а тоа доведува до намалена ендометриална прокрвареност и рецептивност што има последица - намален број на имплантација на оплодените ооцити како и отежнато носење и раѓање на здраво доносено дете.

Проблемот на неплодност отсекогаш ги привлекувал докторите и научниците а и денес е во центарот на клиничките истражувања. Приватната ординација, за разлика од големите клиники, овозможува интимност и дискреција, посебно кога се работи за проблемот на неплодност, кое често се крие пред роднините и пријателите. Брачната неплодност е проблем чие значење ги преоѓа стручно медицинските кругови и влијае на друштвото во целина. Често предизвикува емоционални проблеми на партнерот кои се одразуваат на нивниот брак. Затоа партнерите доаѓаат во приватна ординација каде нивниот проблем останува приватен, се обработува и лечи во најстрога дискреција.

Во нашата земја околу 15% од брачните парови се неплодни. Кога ќе се исцрпат сите можности за лекување, голем дел остануваат без резултат и успех. Затоа денес 60-70% од неплодните брачни парови се одлучуваат за постапката на вештачко оплодување (IVF) и други методи за потпомогната репродукција.

Сите тие се сложени методи на лекување кои бараат многубројни анализи за да резултираат со успех. Затоа е важно тоа и пациентите да го разберат. Така, соработката ќе биде подобра, пациентите посмирени, а резултатот поквалитетен.

Успехот на лекување на брачната неплодност е раѓање на здраво дете. Тоа е единствената желба на нас лекарите, биологот и останатиот персонал. Немојте да се срамите да прашате за разни нејасни прашања од оваа брошура.

Светската Здравствена Организација (СЗО) брачната неплодност ја дефинира како болест. Затоа неплодните парови имаат право на лечење со проверени, етички и современи методи во репродуктивната медицина.

Во нашата ординација можна е успешна дијагностика и лечење на сите, па и најсложени примери на брачна неплодност. Не постои ниту една причина за такво лечење во странство.

Ние во специјалната болница “Плодност“ Битола веруваме дека лечењето на неплодноста започнува со превенцијата. Рана детекција на проблемот кој е причина за неплодноста значи брз успех. Во нашиот IVF оддел нудиме професионална нега со примена на најновите техники и технологии за лечење на неплодноста и репродуктивните заболувања.

Со години наназад нашиот IVF оддел е лидер со најголем процент на успешност во IVF процедурите. Ние нудиме насоки, поддршка и третман кој ви е потребен за да ги надминете предизвиците и да го реализирате Вашиот сон да станете родители.

Неплодноста е медицински проблем кој е поврзан со двајцата партнери. Мажот и жената се причина за неплодноста во ист процент. повеќе од 25% од паровите имаат повеке од една причина која предизвикала неплодност. Доколку 12 месеци се обидувате а немате успех тогаш треба да се консултирате со нашите специјалисти.

IVF е кратенка која се употребува за in vitro fertilization. IVF процес во кој мануално надворешно се спојуваат јајната клетка и сперматозоидот за да се формираат ембриони кои потоа се култивираат во инкубатор со цел да се следи нивниот раст и развој за после тоа ембрионите да се вратат во матката на жената.

НАШИ ЗАВЕТИ

Повелете во приватната гинеколошка болница – IVF центар “Плодност“ од Битола, местото каде Вашите соништа и желби ќе станат реалност

ВО ПЛОДНОСТ ИМА ПЛОДНОСТ БЕЗ ОДНОС

Секое значајно дело во историјата на светот е триумф на ентузијазмот. Ништо големо не е постигнато без ентузијазам. Ентузијазмот е нашиот најголем адут. Ги рушивме предрасудите и антагонизмите, ја презираме неработата, ја научивме важната лекција на животот “работа и само работа“ но свативме дека животот не се состои од големи жртви и од должности, туку и од мали работи во кои насмевките, љубезноста кои се даваат таму каде што е можно не прават среќни и го освојуваат и чуваат секое срце.

Тајната на правата љубов према работата е надеж во успехот не заради потрошеното време туку заради поносот и задоволството од самата работа. Доволна награда за добро направената работа е тоа што таа е добро и успешно направена. За нас секоја успешно излечена неплодност претставува сатисфакција за вложениот труд. Но некогаш наидуваме на неуспех (не сме успеале да ја излечиме неплодноста) но за тоа не се срамиме бидејќи се обидовме а не успеавме затоа што тој што не доживеал неуспех тој никогаш и не се обидел.

Отварањето на ординацијата пред седумнаесет години и прераснувањето во Болница 14 години потоа (2011 година отворање на ПЛОДНОСТ Болница) а посебно работење на проблемот на неплодност беше пионерски зафат. Иако во почетокот имаше опструкции, резултатите го оправдуваат постоењето ПЛОДНОСТ.

Во пракса дефиниција за неплоден брак повеќе не постои. Се почестите и долготрајни предбрачни искуства (неретко и тестирање на идната сопруга) ги носи младите пациентки многу рано на гинеколог. Потребен е темелен и стрплив пристап кон секоја пациентка посебно, со што за брзо време ќе се постигни саканата цел – бременост. Поточно треба да се утврди причината за брачната неплодност, и доколку немате можност за потребните испитувања или можност за адекватно лечење пациентката треба да се упати на она место каде ќе добие врвна медицинска услуга, стручност и топло човечко внимание.

И на крај, потребна е континуирана едукација на стручњакот – гинекологот и ембриологот кој се занимава со проблемот на неплодност.

Од тимот на специјална болница по гинекологија и акушерство – ИВФ центар ПЛОДНОСТ - Битола

 

Центарот за асистирна хумана репродукција - ИВФ центар при Болница плодност ги нуди следните услуги:

    • УЗ фоликулометрија
    • Интраутерина инсеменација
    • Хистеросалпинго сонографија
    • ИВФ со ембрио трансфер со и без анестезија
    • ИВФ без ембрио трансфер
    • ИВФ на природен циклус
    • Замрзнување на ОО/Ембриони
    • Трансфер на одмразнати ембриони
    • ОПУ без ИВФ
    • TЕСЕ - Сепарација на сперма и замрзнување
    • Чување на замрзната сперма
    • Замрзнување на сперма
    • Ембрио редукција
    • Алогенеичко оплодување
    • ИВФ со ЕТ на модифициран природен циклус

За повеќе информации контактирајте не на телефоните:
+389 47 208 880; +389 47 208 881;

E-mail: info@plodnost.com.mk