Болничка аптека

Грижата за навремено и квалитетно снабдување на сите одделенија во болницата со потребните средства за работа со цел давање на најквалитетна и најсовремена терапија на нашите пациенти ни е на прво место. За таа цел во склоп на Болница Плодност постои болничка аптека која ги обслужува потребите за лекови, инфузиони раствори и медицински потрошен материал.

Секојдневно се следат најсовремените светски текови во медицината и фармацијата, новите и целосно испитаните лекови и медицински материали кои се применуваат во светот, а од кои голем дел се применуваат во секојдневната пракса во Болница Плодност, со цел доближување на квалитетот на услугата со најсовремените светски центри.

За повеќе информации контактирајте не на телефоните:
+389 47 208 880; +389 47 208 881;

E-mail: info@plodnost.com.mk