ОАРИЛ

Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување
Вие го цените квалитетот на нашите услуги

Работата во ОАРИЛ во болницата Плодност е тимска и нуди најсовремени, висококвалитетни, анестезиолошки услуги. Одделот обезбедува 24ч./7 дневна специјалистичка дејност, според највисоките стандарди (ASA, ESA, ESRA).
Во текот на работата се користи најсовремена апаратура од познати светски произведители.
- Анестезиолошките апарати (Drager, Mindray) нудат големи можности и висок стандард во работењето,
- Мониторите (Mindray) овозможуваат пратење на основен (EKG, BP и SpO2), инвазивен (CVP, IAP, PAP, CO) како и специјален мониторинг (Bis index и EtCO2),
- Перфузионите и инфузионите пумпи се од последната генерација на производителите,
- Респираторна подршка во ЕИЛ е можна во сите модалитети на механичка вентилација,
- Одделот располага со адекватен број на кислородни дистрибутери, аспиратори, EKG апарати, дефибрилатори,
- За надминување на тешкотии при тежок дишен пат (тешка интубација) снабдени сме со сет за таа намена – комплетот на Storz – видео ларингоскоп, интубациски фиберскоп, интегрирани со TelePack систем со камера и екран.

Дејност:

Улогата на анестезиолозите во ОАРИЛ е поливалентна , тие обавуваат повеќе дејности:

1. Консултативна дејност
Вообичаено се реализира при првата средба во анестезиолошката амбуланта, а опфаќа:
- Предоперативен специјалистички и консултативен анестезиолошки преглед,
- Преданестезиолошка еваулација на здравствената состојба,
- Предоперативна припрема ако од неа има потреба,
- Оценка на состојбата и степенот на анестезиолошко-оперативен ризик (ASA),
- Прибавување на писмена согласност за изведување на операцијата со анестезија.

2. Анестезиолошката дејност опфаќа:
- Амбулантни анестетици за оперативни интервенции и инвазивни дијагностички процедури,
- Општи и регионални анестезии во дневна болница за оперативни зафати кои се решаваат во тек на 24ч.,
- Анестезија за инвазивни процедури во IVF центарот,
- Анестезии во оперативен блок:
Во предвид идат сите видови на анестезии:
- Општа анестезија,
- Регионална анестезија(SA, EDA, EDA-Spin-komb).
За планирани и ургентни оперативни зафати ги користиме најбезбедните интравенски и инхалациони анестезии и релаксанти, и последните генерации на локални анестетици за регионални блокови.
- Во родилниот блок се практикуваат:
- Акушерската аналгезија и анестезија - со примена на регионални техники (SA, EDA, EDA-Spin-komb) и walking epidural техника која овозможува мобилност на трудницата,
- Безболно породување – опција која им се нуди на бремените.

Процесот на анестезија е комплексен, и опфаќа:
- Предоперативна анестезиолошка визита,
- Припрема на анестезиолошката опрема,
- Преданестезиолошки мониторинг на виталните функции,
- Инвазивен мониторинг/канулација, поставување на PDK, CVK и сл.,
- Вовед и водење на анестезијата за време на оперативниот зафат,
- Вадење, будење, завршување на анестезијата по оперативниот зафат,
- Водење на администрација за анестезијата.

3. Постанестетички надзор на оперираните

Во оваа единица се третираат пациентите непосредно во постоперативниот и постанестетичкиот период. Пациентите се под проширен мониторинг на хемодинамиката, респираторната и останатите витални функции.

Се спроведува оксигенотерапија, додатна аналгезија, се прати будноста, се превенираат несаканите ефекти од анестезијата. Тука пациентите престојуваат до стабилизација на виталнбите функции.

4. Единица за интензивно лекување

Тимскиот пристап во работата во ЕИЛ овозможува лекување на пациенти на кои им е потребен специјален третман заради загрозени или нарушени витални функции, независно од типот на заболувањето.
- Пациентите во ЕИЛ се под хемодинамиски, неинвезивен или инвазивен мониторинг,
- Постои можност за волуменска и инотропна поддршка на хемодинамиката,
- Можност за следење на ABS, елект. ст. и контрола на гликемијата и коагулацијата,
- ЕИЛ е опремена со апаратура за оксигенотерапија и вентилаторна поддрѓка на белодробната функција со сите опции на механичка вентилација,
- Во ЕИЛ има можност за примена на парентерална исхрана на пациентите.

Инаку ЕИЛ, оперативниот блок, акушерскиот блок и неонатолошкото одделение се под посебен режим на спроведување на мерките од програмата за превенција на интрахоспитални инфекции.

5. Реанимацијата
Реанимацијата секако е една од дејностите на анестезиолозитте. Персоналот е оспособен за сите реанимациони процедури за основно и напредно одржување во живот кај сите воздрасти без исклучок.

6. Третман на акутна и хронична болка

Во ОАРИЛ при специјалната болница Плодност постои посебна единица за третман на акутна и хронична болка. Една од повеќето дејности на анестезиологот е и сузбивањето на болката во акутен или хроничен стадиум.
Процедурите и третманот се спреоведуваат за оперирани и неоперирани стационарни пациенти.
Вакви услуги им се нудат и на нехоспитализирани пациенти во т.н дневна болница.
На пациентите покрај т.н мултимодален пристап во третманот им се нуди и некоја од регионалните техники на обезболување.

 

Информации за анестезиолошкиот третман за време на операција

Модерните анестезиолошки методи овозможуваат безболни операции. Сигурно и безболно, ова е целта на секоја операција. Анестезијата значи елиминација на чувствата. Анестезиолошкиот тим ги контролира пред, за време и после операцијата: крвотокот, дишењето и другите витални органи на пациентката/пациентот. Независно дали се оперира главата, стомакот или малиот прст секоја анестезија грижливо се подготвува, спроведува и се завршува. Иако овде секогаш постои извесен ризик, модерната анестезиологија има достигнато висок степен на сигурност.

Анестезиолошкиот тим при специјалната болница Плодност - Битола е задолжен и одговорен за сите анестезии во болницата. За вас се грижи тим од специјалисти од различни специјалности. Кон анестезиолошкиот тим припаѓаат доктор анестезиолог и анестезиолошка сестра. Медицинската наградба за доктор специјалист за анестезиологија трае по студиите за медицина и државниот испит најмалку 5 години. Медицинската надградба за анестезиолошка сестра трае две години по дипломирањето како медицинска сестра.

Докторите специјалисти по анестезиологија извршуваат работни задачи во оперативниот и родилниот блок, во одделот за интензивна нега и одделението за третирање на хронична болка.

Пред операција
Пред операцијата докторот анестезиолог го договара со вас целиот тек на операцијата. Овие разговори се случуваат за време на предоперативната консултација или на денот на опрацијата во анестезиолошката амбуланта. Колку поточно не информирате за вашата здравствена состојба и за вашите животни навики, толку подобро можеме да ги избереме соодветните лекарства за вас и соодветната постапка при операцијата.

При општа анестезија вие спиете. При локална анестезија се обезболува определениот дел од телото. Нам ни е важно да имате доверба во анестезијата што следува. Затоа известете не веднаш доколку нешто потиснувате, доколку имате одредени нејаснотии или не разбирате одредени терминолошки изрази. Може да се случе да ви се постават повеќе пати исти прашања. Гледајте на ова како знак за нашата заложба да не пропуштеме ниедна важна информација.

Упатства за ваша сигурност
На денот на операцијата не смеете да примате цврста храна после полноќ, односно 6 саати пред планираната анестезија. До зафатот смеете да примате бистри течности (вода, минерална вода, чај) и тоа само за земање на вашата стандардна терапија со лекови. Еден ден пред операцијата воздржете се од пушење, така го штитите вашето срце.

За време на операцијата
Анестезиолошкиот тим не остава нисто на случајот и се труди да го запази предходно предвиденото време за операција. Доколку сепак дојде до поместување на вашата операција, ве молиме за трпение. Причините за вакви поместувања се најчесто непредвидени ургентни зафати или итни операции кои траат подолго време од планираното.

Технички апарати и мониторинг
Многуте технички апарати и опрема, кои ги забележувате за време на припремата за вашата операција како и различните апарати кои се употребуваат при вашата операција ги контролираат непрекинато вашиот крвен притисок, вашето дишење, вашата длабочина на сон и другите витални органи и функции на телото. И анестезиолошкиот тим го контролира пациентот како и техничките апарати и опрема и превземаат веднаш соодветни противмерки при абнормални промени.

Наркоза - безчуствителност комбинирана со безсвесност. Стручна ознака: анестезија
Регионална анестезија - безчуствителен е само еден дел од телото. Видови на анестезија: епидурална, спинална (долна половина од телото) и периферна блокада на нервите (рака, нога)
Локална анестезија - здрвување на мал дел од телото (прст или мала рана). Премедикација: лекови за смирување, најчесто таблети, вечерта пред операцијата.

По операцијата
Ако чуствувате болки по разбудувањето побарајте дополнителни мерки. Анестезиолошкиот тим е со вас и контролира се и по операцијата. Затоа можете во секој момент да стапите во контакт со одговорниот анестезиолог.

Третман на болка после операција
Болките се сами по себе нешто логично бидејќи го штитат нашето тело од повреди. И покрај тоа силните болки по операцијата се штетни, бидејќи од една страна пречат на благосостојбата, а од друга страна го попречуваат процесот на заздравување. За вашиот лекар и болничкиот персонал е многу важен третманот на болката. За таа цел специјално обучена личност ќе ви даде на одделение лекови за болка преку интравенска инекција. Ова претставува основна терапија на третманот против болка по операција.

После поголеми операции од страна на анестезиолошката служба се користат модерни третмани против болка, таканаречените контролирани намалувања на болка (аналгезија). Притоа пациентот самостојно си го контролира со помош на инфузиона пумпа сретството против болка кое го прима интравенозно. Поинаква процедура претставува третманот против болка преку специјален катетер (епидурална аналгезија, периферна блокада на периферните нерви). Ваквиот катетер се поставува пред операцијата на здрвена област на грбот или во близина на нерви. И преку оваа постапка анестезиолошката служба го контролира преку секојдневни визити успехот на терапијата.

Вистинскиот третман против болка по операцијата:

- има позитивен ефект на функцијата на белите дробови, крвотокот и гастротестиналниот тракт
- го олеснува спроведувањето на физиотерапевтски мерки (на пр. вежби за дишење)
- овозможува рана мобилност (пр. станување)
- го поддржува имунитетот против инфекции

Одделот за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување при Болница Плодност ги нуди следните услуги:

  • Амбулантни анестетици за оперативни интервенции и инвазивни дијагностички процедури
  • Општи и регионални анестезии во дневна болница за оперативни зафати кои се решаваат во тек на 24ч.
  • Анестезија за инвазивни процедури во IVF центарот
  • Анестезии во оперативен блок: oпшти, регионални, интравенски и инхалациони анестезии и релаксанти
  • Во родилниот блок се практикуваат: Акушерската аналгезија и анестезија
  • Безболно породување
  • Постанестетички надзор на оперираните
  • Единица за интензивно лекување
  • Реанимацијата
  • Третман на акутна и хронична болка

Доколку имате прашања, сакате понатамошни информации или сакате да разговарате со нас за било какви проблеми, обратете се директно до нас:

Специјална Болница ПЛОДНОСТ Битола
ул. Асном бр.9, 7000, Битола
Република Македонија
тел: +389 47 208 880
факс: +389 47 208 883
info@plodnost.com.mk
http://www.plodnost.com.mk