Персонал

Сите вработени на „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ“ се залагаат на нивните пациенти да им обезбедат најдобар квалитет и ефикасна здравствена услуга. Професионалноста и љубезноста не е само пожелна доблест, туку за нас претставува и обврска за сите наши пациенти. Соработката помеѓу пациентот и лекарот за нас е клуч за добар резултат од третманот, а Вие што сте се одлучиле да ја изберете нашата здравствена установа ќе се почувствувате прифатени и безбедни, а тоа ќе биде пресуден фактор и нераскинлива алка за Вашето брзо опоравување и здравје на вашето дете.