Новости

Комплетен септум на матка со два цервикални остиуми

Комплетен септум на матка со два цервикални остиуми

Кај пациентката имаме унификација на две поделени шуплини на матката заради постоење на комплетна преграда која започнува од грлото на матката (цервиксот), се шири на горе кон шуплината на матката разделувајќи ја на два одделни делови - состојба која доведува до повторувачки спонтани абортуси.
Прочитај Повеќе

Оперативен третман на масивна аденомиоза кај пациентка со повторувачки абортуси

Оперативен третман на масивна аденомиоза кај пациентка со повторувачки абортуси

Ново за прв пат во Македонија направена е операција на аденомиозна матка кај пациентка која и беше препорачано со 3 абортуси да ја отстрани матката. Со направената операција, со отстранувањето на аденомиозното ткиво ја зачувавме матката и се надеваме дека по 6 месеци да може да носе плод. Прва направена во Македонија а и една од ретките кои се прави во светски размери. Повеќе можете да прочитате во текстот подолу.
Прочитај Повеќе

Новини во акушерството - Безболно породување

Новини во акушерството - Безболно породување

Одржано предавањето на тема "Новини во акушерството - Безболно породување" во Прилеп. Ви благодариме за присуството. Болница Плодност ќе продолжи со ваквите предавања со цел едукација и преставување на услигите кои ги нуди нашата болница

Прочитај Повеќе

Прво па машко во 2016 во Болница Плодност Битола

Прво па машко во 2016 во Болница Плодност Битола

Во првиот ден од новата 2016г во нашата болница се роди здраво машко дете со тежина од 2800г., должина 48cm во одлична кондиција. Родилката е од Охрид, која предходно има 12 неуспешни ИВФ постапки, 13та успешна кај нас. Ова е еден уште доказ за нашата успешна и напорна работа. Честитки, да е здрав и жив покрај своите родители.
Прочитај Повеќе

DNA fragmentation тест за прв пат во Македонија (нов автоматизиран систем за анализа на сперма)

DNA fragmentation тест за прв пат во Македонија (нов автоматизиран систем за анализа на сперма)

DNA fragmentation тест за прв пат во Македонија (нов автоматизиран систем за анализа на сперма)

Паровите кои имаат висок процент на DNA фрагментација во главата на сперматозоидите ќе мораат да одат на IVF-ICSI постапката и да ги избегнат инсеминациите кои мораат да ги прават како услов за да добијат ИВФ со поддршка на ФЗОМ.
За значењето на овој тест прочитајте подолу.
Прочитај Повеќе

Учество на 5-от Меѓународен конгрес на Здружението на анестетичари на Србија

Учество на 5-от Меѓународен конгрес на Здружението на анестетичари на Србија

Тимот на анестетичари од ПЗУ Болница Плодност од Битола, зедоа активно учество во 5-от Меѓународен конгрес на Здружението на анестетичари на Србија.
На конгресот беа презентирани теми од секојдневното работење во ПЗУ Болница Плодност од Битола, со следење на текот на модерната медицина во современи услови.
Прочитај Повеќе

Благодарница од наши пациенти

Благодарница од наши пациенти

Доказ за нашата работа и посветеност. Ви благодариме за убавите зборови. Имајте прекрасни мигови со Вашите најмили Сара и Ребека. Од тимот на Болница Плодност - Hospital Plodnost

Трет успех на Болница Плодност со абдоминален серклаж

Трет успех на Болница Плодност со абдоминален серклаж

Кај пациентките кои имаат повторувачки спонтани абортуси во втор триместер од бременоста заради слабост на грлото на матката од најразлични причини (вродени или стекнати, најчесто после конизација или траума при породување) се прави вагинален серклаж. Околу гролото на матката преку вагината се поставува нересорптивен конец кој ќе служи како превенција за евентуално предвремено отварање на грлото на матката. Доколку тоа не успева и тој конец попушта настанува спонтан абортус или предвремено породување кое резултира со лош завршеток за плодот.
Прочитај Повеќе

Болница Плодност редовен посетител на конгреси за репродуктивна хирургија

Болница Плодност редовен посетител на конгреси за репродуктивна хирургија

Докторите од Болница Плодност од Битола редовно вршат посети и учество на семинари, контреси и симпозиуми насекаде во светот. Со тоа се врши размена на искуства, дискутирање на одредени теми со врвни докажани специјалисти во сите области на репродуктивната хирургија. Со тоа се врши обука на кадар, учење на нови техники и донесување на нови технологии во нашата болница. др.Таше, др.Владимир и др.Христијан се редовни посетители на вакви конгреси. Поради тоа Болница Плодност бележи одлични успешни резултати и успеси во ИВФ и репродуктивната хирургија.
Прочитај Повеќе