Новости

Контрола на бременост

Контрола на бременост

Вашата прва посета

Анализата на крвта е рутински дел од контролата во бременоста.Кога ќе дојдете на прва контрола кај својот лекар ќе Ви биде земена крв за некои анализи .Тоа е затоа што би требало да се провери :

  • Вашата крвна група
  • Дали е вашиот Rh фактор негативен или позитивен

Прочитај Повеќе

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Болница „Плодност“ и Хепар Центар

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Болница „Плодност“ и Хепар Центар

Во просториите на Болница „Плодност“ во Битола, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Болница „Плодност“ и Хепар Центар од Битола. Меморандумот за соработка има за цел да ги доближи активностите на делување на двете г институции во насока на превенција и едукација против една од најопасните болести на дешенината, хепатитисот.

Прочитај Повеќе

Најново во Болница „Плодност“ - флексибилен видео ларингоскоп според последните светски стандарди

Најново во Болница „Плодност“ - флексибилен видео ларингоскоп според последните светски стандарди

Во Болница „Плодност“ пристигна најсовремениот и најнов модел на флексибилен видео ларингоскоп. Тимот на анестезиолози од Болница „Плодност“практично ја прикажа примената на овој ларингоскоп, кој се поставува кај пациентите пред оперативните зафати, истовремено следејќи ги сите процедури на видео екран.

Прочитај Повеќе

Физиолошки промени кај жената за време на бременоста

Физиолошки промени кај жената за време на бременоста

1. Промени на гениталните органи кај жената за време на бременоста

Надворешните гениталии се зголемуваат,стануваат поеластични со цел да се прпремат за раѓање.Вагината се проширува и издолжува,се задебелува нејзиниот зид и станува поеластична. Матката трпи најзначајни промени затоа што вo неа се развива плодот. Таа се зголемува и нејзината маса од 50гр. пред бременоста стигнува до 1 кг. на крајот од бременоста.

Прочитај Повеќе

Можност за замрзнување на сперма пред започнување со третман за карциноми кај мажи

Можност за замрзнување на сперма пред започнување со третман за карциноми кај мажи

Болница „Плодност“ им дава посебна можност на мажите кои треба да започнат со одредени третмани за карциноми, да ја реализираат сопствената желба за потомство.

Познато е дека одредени третмани за рак (радиотерапија, хемотерапија, терапија со коскена срцевина и хирушки интервенции) можат да влијаат на плодноста на мажот. Тоа влијание може да биде само за одреден временски период, но во одредени случаи и трајно.

Прочитај Повеќе

Нова надградба на персоналот по светски стандарди

Нова надградба на персоналот по светски стандарди

Николче Огненовски, ембриолог во Болница „Плодност“ во одделот за ИВФ, се врати од едукација која се одржуваше во Центарот за истражување и развој на фабриката Витролајф во Гетеборг, Шведска. Тој присуствуваше на обуките за оптимизирање на успехот во ИВФ лабораторија, култура на ембриони, контрола на квалитет и витрификација.

Прочитај Повеќе

Нова донација во Болница „Плодност“

Нова донација во Болница „Плодност“

Во Болница „Плодност“ пристигна донација од компанијата Трејдек, која е застапник на многу големи компании во Македонија, вклучувајќи ја и компанијата Филипс, чии производи се најдоа во нашата болница. Од оваа компанија за нашите новороденчиња беше донирана рачна пумпа за отстранување на вишок на млеко кај доилките, шишиња, цуцли и лажливки, како дел од серијата производи Авент, наменети за новороденчињата.

Прочитај Повеќе

Децата од „Вошебно сонце“ на систематски преглед во Болница „Плодност“

Децата од „Вошебно сонце“ на систематски преглед во Болница „Плодност“

Во педијатриската ординација „Св. Стилијан“ во Болница „Плодност“, на систематски преглед беа учениците од детската градинка „Волшебно сонце“. Тие за прв пат ја посетија нашата болница, во придружба на своите воспитувачи и родители, на кои им беа измерени основните параметри: висина, тежина, дишење итн.

Прочитај Повеќе

Практична изведба на хечинг во Болница „ПЛОДНОСТ“ Битола

Практична изведба на хечинг во Болница „ПЛОДНОСТ“ Битола

Кај одредени пациентки не може да дојде до имплантација на ембрионот после ембриотрансфер, поради неотворање на обвивката на ембрионот. Кај ваквите пациентки во Болница „Плодност“ се употребува методата АСИСТЕД ХЕЧИНГ, каде со примена на најсофистициран ласерски систем се прават мали отвори во обвивката на ембрионот, со што се олеснува неговото ослободување од таа обвивка. Преку оваа метода значително се подобрува процентот на имплантација, а со тоа и на бременост. Најнови технологии, најсовремена опрема и најдобар професионално обучен персонал, само во Болница „Плодност“ Битола.

Прочитај Повеќе

Тест за одредување на нивото на оксидативен стрес во сперма

Тест за одредување на нивото на оксидативен стрес во сперма

Единствено во Македонија и пошироко во регионот, андролошкиот кабинет при ИВФ центарот за асистирана хумана репродуцкија во болница Плодност, воведува најсовремена анализа за одредување на нивото на оксидативен стрес во семената течност кај мажот, која се применува во светски ИВФ центри.

Со оваа анализа се одредува рамнотежата помеѓу штетните оксиданси и заштитните антиоксиданси во спермата. Може да се примени на свежи примероци на сперма, но и после одмрзнување на замрзнати примероци.

Прочитај Повеќе