Наша мисија

ЦЕЛИ

Основната цел на ПЗУ Специјална болница „Плодност“, е да обезбеди најдобра можна заштита на ниво на светските стандарди. Нашите цели се насочени кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа, како и воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи, со цел зголемување на ефикасноста преку унапредување на професионалноста и квалитетот на третманот на нашите пациенти и нивните деца, во љубезна и пријателска средина.

МИСИЈА

ПЗУ Специјална болница „Плодност“- Битола, обезбедува сеопфатна грижа за сите општи гинеколошки проблеми, дијагностички, биохемиски и радиолошки услуги, IVF- оддел, породување, пре- и постнатална нега, грижа за новородените како и специјализирани совети од областа на здравјето на жената, на ниво на секундарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита.

Сите вработени во ПЗУ Специјална болница „Плодност“- Битола, се залагаат, на нивните пациенти да им обезбедат најдобар квалитет и ефикасна здравствена услуга. Професионалноста и љубезноста, не е само пожелна доблест, туку за нас претставува и обврска за сите наши пациенти. Соработката помеѓу пациентот и лекарот, за нас е клуч за добар резултат од третманот, а Вие што сте се одлучиле да ја изберете нашата здравствена установа, ќе се почувствувате прифатени и безбедни, а тоа ќе биде пресуден фактор и нераскинлива алка за Вашето брзо опоравување и здравје на вашето дете.

ВИЗИЈА

ПЗУ Специјална болница „Плодност“- Битола  е  мултидисциплинарна и модерна болница, со  целокупно внимание кое е насочено кон пациентот, која се стреми да стане лидер во регионот со примената на најсовремени превентивни, дијагностички и терапевтски методи и достигнување на највисоко ниво на стручност и квалитет во дадените услуги и посветеност на барањата на паиентите.

ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА БОЛНИЦАТА

Насоченост кон пациентот

  • Посветеност и грижа за пациентите, почитување и правичност
  • Високо ниво на стручност и постојано унапредување на квалитетот на работата со цел давање на безбедни здравствени услуги
  • Тимска работа во функционирањето на нашата болница со што  вработените претставуваат непроценлив капитал
  • Правовременост и делотворност
  • Врвна техничка опременост и современа технолошка поддршка
  • Ефикасност и ефективност во  постигнување на најдобри можни резултати при давање на здр. услуги во однос на расположливите ресурси
  • Општествена одговорност

ПРИНЦИПИ НА РАБОТА НА ПЗУ СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА „ПЛОДНОСТ“ - БИТОЛА

  • Грижа за пациентите

Пациентите се во центарот на сите активности на установата, персоналот е фокусиран на квалитетот на услугите и безбедноста на пациентите и сопствената безбедност во обезбедување на здравствената заштита, почитувајќи ги правата на пациентите и отсуство на било каков облик на дискриминација.

  • Посветеност

Посветеност на унапредување на квалитетот на услугите, безбедноста и задоволството на пациентите и безбедноста и задоволството на вработените, со поставување на стандарди за квалитетни здр. услуги, во склад со современите достигнувања на науката и праксата.

  • Унапредување на комуникациите

Примена и развој на современата информациска и комуникациска технологија како и контактот со пациентите и јавноста, така и комуникацијата во установите и медиумите.

  • Посветеност на иновациите, знаењето и опремата, подобрување на просторните услови
  • Постојано следење на унапредувањето на квалитетот на нашите услуги низ процесот на акредитација и други начини на пратење на постојаното унапредување.

Одговорно лице за приговори и жалби од пациентите е Главната сестра на Болница Плодност - г.с Ребека Алексовска