Потпишан меморандум за соработка помеѓу Болница „Плодност“ и Хепар Центар

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Болница „Плодност“ и Хепар Центар

Во просториите на Болница „Плодност“ во Битола, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Болница „Плодност“ и Хепар Центар од Битола. Меморандумот за соработка има за цел да ги доближи активностите на делување на двете г институции во насока на превенција и едукација против една од најопасните болести на дешенината, хепатитисот.

Основната цел на ПЗУ Специјална болница „Плодност“, е да обезбеди најдобра можна заштита на ниво на светските стандарди. Целите на болницата се насочени кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа. Хепар Центарот од Битола како невладина организација неколку години активно зема учество во превентивните мерки и едукацијата за хепатитот и на светско ниво, организира повремени бесплатни тестирања за населението и им помагање на пациентите да стигнат до одредена медицинска терапија доколку се заболени од хепатит. Преку овој Меморандум за соработка, двата субјекти ќе дадат нова димензија пред се на полето на едукацијата и превенцијата кај населението, но и кај идните мајки, кои индиректно претставуваат една од најзагрозените категории од хепатит, заедно со нивните новородени. Преку соработката, Болницата „Плодност“ ќе го понуди својот стручен лекарски капацитет при одредени активности поврзани со хепатитот како болест, а Хепар Центарот ќе ја промовира Болница „Плодност“ како своевиден партнер при организирањето на одредени едукативни работилници, ТВ емисии, спотови, или во било која заедничка сфера на интерес на двата субјекти.

Болница Плодност Битола