Контрола на бременост

Контрола на бременост

Вашата прва посета

Анализата на крвта е рутински дел од контролата во бременоста.Кога ќе дојдете на прва контрола кај својот лекар ќе Ви биде земена крв за некои анализи .Тоа е затоа што би требало да се провери :

  • Вашата крвна група
  • Дали е вашиот Rh фактор негативен или позитивен


Доколку се согласувате ќе ви биди земена и крв за анализа на:

  • Хемоглобин
  • Проверка на имунитетот кон Рубеола
  • Анализа за Хепатит Б

За сите споменати тестови Вашиот лекар може да напомене дека можете да ги направите доколку се согласувате со тоа.
Доколку имате некоја причина за сомнеж на некој ризик, исто така можат да се направат и тестови за токсоплазмоза и Хепатит Ц, ХИВ инфекција.
Овие иницијални тестови се важни бидејќи даваат информации за тоа дали сте носител на некој вирус или за некои потенцијални проблеми кои можете да ги имате во текот на бременоста.
Од истите причини , во првото тромесечје од бремноста можете да направите и анализи за скрининг на генетски аномалии како што е на пример Down-ov синдром.
Доколку сте Rh негативни, ќе се прават контроли на антитела во 28 недела од бременоста , за да се ординира профилактична терапија

Крвна група

Многу е важно да ја знаете Вашата крвна група, во случај да Ви биде потребен трансфузија во текот на бременоста или во текот на пороѓајот.

Резус(Rh)фактор

Вашиот лекар мора да знае дали сте Rh негативни или позитивни , што значи дека на површината на еритроцитите –црвените крвни зрнца има одредени протеини, Rh +, или ги немате Rh -, Доколку Вие сте резус негативни а таткото на вашето дете е позитивен, голема е веројатноста дека бебето ќе биде Rh позитивно.Во тој случај Вашето тело ќе создава антитела кои што влијаат на еритроцитите на детето.

Ниво на железо

Овој тест на крвта го прикажува нивото на хемоглобинот во Вашата крв и доколку е низок може да биде знак на анемија. Доколку сте анемични, Вашиот лекар ќе ве посоветува да го промените начинот на исхрана ,односно соодветна исхрана (како што е црвено месо и спанаќ) за да се надокнади недостатокот на железо.Исто така можи да ви препише и препарати со железо.
Нивото на Вашиот хемоглобин повторно ќе биде проверен за 4 недели, а доколку имате симптоми на замор од било кој вид во бременоста таа анализа на крвта ќе биде направена порано за да се провери дали сте анемични.

Рубела

Голем број од трудниците се имуни на Рубела бидејки или се вакцинирани или ја имаат прележано болеста во текот на детството. Доколку не сте имунизирани ќе Ви биде советувано да се вакцинирате веднаш штом се роди бебето и да избегнувате контакт со секој потенцијален носител додека сте трудна. Тоа е поради тоа што доколку добиете Рубеола во текот на бременоста , Вашето бебе можно е да има сериозни проблеми со срцето, слухот или видот.

Хепатитис Б

Вие можете да бидете носител на вирусот на Хепатитис Б дури и ако за тоа не знаете, па поради тоа тестот на крвта е најдобар начин за да се провери тоа. Доколку инфекцијате се пренесе од Вас на Вашето бебе било во текот на бременоста или во текот на пороѓајот, неговиот црн дроб може сериозно да се оштети. Кај бебињата чии што мајки се носители на вирусот , на пороѓајот им се дава вакцина со антитела за да се заштитат веднаш после пороѓајот.

Скрининг во врска со генетски аномалии

Вие можете да бидете носител на вирусот на Хепатитис Б дури и ако за тоа не знаете, па поради тоа тестот на крвта е најдобар начин за да се провери тоа. Доколку инфекцијате се пренесе од Вас на Вашето бебе било во текот на бременоста или во текот на пороѓајот, неговиот црн дроб може сериозно да се оштети. Кај бебињата чии што мајки се носители на вирусот , на пороѓајот им се дава вакцина со антитела за да се заштитат веднаш после пороѓајот.

Останати тестови

Доколку иамте причина да се сомневате дека сте нодител на хепатит Ц (како што е инфекција по пат на трансфузија,инекции или тетоважа или боди пирсинг) Можете да побарате да се направи анализа на крвта за да се провери дали е присутен или не. Побарајте од вашиот лекар да ви биде направена таа анлиза бидејки таа анализа не се прави рутински ,па доколку е присутен вирусот ке бидете упатени кај специјалист за совет или потенцијален третман.
Овие информации не се доволни за да го заменат редовниот преглед кај вашиот лекар.Лекарот не сноси одговорност за Вашите постапки кои ќе ги превземете врз основа на овие информации.

Д-р Кристинка Пајаковска
Д-р Кристинка Пајаковска

Болница Плодност Битола