Искуство на родилка во Болница „Плодност“

Искуство на родилка во Болница „Плодност“

Деновиве во Болница „Плодност“ на свет дојдоа нови членови на големото семејство новородени. Разговаравме со Ивана Котевски, наша пациентка, а сега и мајка, која на свет го донесе Христијан, прво дете во семејството Котевски.

„Од почетокот на мојата бременост довербата и грижата за моето здравје и за развојот на моето бебе му ја доверив на персоналот на Болница „Плодност“. Во текот на вчерашниот ден, по природен пат, со епидуралната аналгезија на свет дојде нашето дете, Христијан, едно од шесте деца родени во текот на претпладнето. Персоналот и за време на пораѓањето, но и после тоа, постојано во секој момент беше со мене и до мене. После чинот на породувањето, гпостојано се грижат за мене и моето бебе. Доаѓаат различни сестри, доктори, но сите знаат се што треба и како треба. Ме известуваат за сите постапки, примени вакцини, па дури и за терминот кога треба да го дојам бебето. Го облекуваат, капат, средуваат и прегледуваат.

За расположливоста и грижливоста на персоналот навистина ги имам само најголемите пофалби. За хигиената исто така. Ги имам сите услови, потребни средства, храна, грижа, како да сум во хотел со 5 ѕвезди. Во денот барем по два пати ми се менува постелнина, облека и долните подлоги. Од сестрите добивам помош за се, почнувајќи од тоа како јас треба да седам, да се негувам во овој период, како да го дојам моето бебе, на што да внимавам, буквално и положбата на држење на бебето ми беше објаснета до детал. Ми помагаат и околу личната хигиена, имам можност да добијам кафе, храна која јас ја избирам од претходно мени, да се чувствувам горда и задоволна во период кој е значајна промена во мојот живот, бидејќи ова ми е прво дете. На секоја жена и го посакувам ова искуство на мајчинство, бидејќи тоа е нешто што се памети за цел живот“, ни раскажа пациентката Ивана Котевски.

Бидете и Вие дел од големото семејство на Болница „Плодност“ и донесете го на свет Вашето дете во прекрасните услови на нашата болница.

Болница Плодност Битола