Листа на информации од јавен карактер

1. Назив на установата и други податоци за установата

  • Назив: ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство "ПЛОДНОСТ" Битола
  • Седиште: ул.Асном бр.9, Битола
  • Директор на установата: др. Таше Трпчевски
  • Емаил: informacii@plodnost.com.mk
  • Тел.: 047208880; моб:075472503
  • Факс: 047208883
  • Адреса на веб страната: http://plodnost.com.mk/
  • Службено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер:
    др.Гордана Трпчевска
    тел. за контакт: 047208880 локал 111

2. Дејност на установата

Во ПЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство "ПЛОДНОСТ" Битола се обавува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност по гинекологија и акушерство, со Решение бр.10-5308/10 до 04.11.2011г., на Министерство за здравство.

3. Организациона структура

Болницата располага со 13 оддели, итоа:

  1. Оддел 1: Гинекологија и акушерство со родилна сала
  2. Оддел 2: Операциони сали, централна стерилизација и дневна болница
  3. Оддел 3: Анестезија, реанимација и интензивно лекување
  4. Оддел 4: Неонатологија и педијатрија
  5. Оддел 5: ИВФ центар за асистирана хумана репродукција
  6. Оддел 6: Радиодијагностика
  7. Оддел 7: Амбуланти
  8. Оддел 8: Биохемиска лабораторија
  9. Оддел 9: Болничка аптека
  10. Оддел 10: Администрација
  11. Оддел 11: Техничка служба и служба за одржување на дворот
  12. Оддел 12: Одржување на хигиената, перална и пеглална
  13. Оддел 13: Чајна кујна со кафетерија

4. Број на вработени и нивна квалификација

Во Болница Плодност Битола се вработени повеќе од 70 лица. Нашиот персонал го сочинуваат тим од реномирани доктори-специјалисти по гинекологија и акушерство, специјалисти по неонатологија и педијатрија, специјалисти по анестезиологија и реанимација и специјалист радиолог, од кои четворица се стекнале со титула Примариус.

Во болницата работи и тим на високо специјализирани медицински сестри во своите области.

Болницата континуирано вложува во постојана надградба и едукација на своите вработени.

5. Сместувачки капацитети

Болницата поседува 13 болнички кревети, распоредени во 13 еднокреветни соби кои се климатизирани и поседуваат сопствена бања, 2 апартмани со по два болнички кревети, 2 операциони сали, соба за интензивно лекување и реанимација. Просторија за прием на новородени, 3 инкубатори, 4 бормери и 11 креветчиња. Опремени се и работат две родилни сали. Во одделот за ИВФ има две простории за ИВФ фертилизација.

Специјалистичко-консултативната дејност се врши во четири гинеколошко-акушерски ординации поврзани со сестринска соба. Во едната од амбулантите поставен е ЦТГ апарат. Една ординација е наменета за РТГ дијагностика. Постои и посебна просторија наменета за дневна болница, со гинеколошка ординација и просторија за интервенција. Хематолошката и беохемиската лабораторија, болничка аптека и многу други помошни простории.

6. Сите останати информации кои не се во спротивност со чл.6 од Законот за слободен пристап до информации

  • Услуги: Листа на услуги по оддели можете да ги погледнете ТУКА (поединечно за секој оддел)