III интернационален конгрес на анестетичари

III интернационален конгрес на анестетичари

Тим од анестезиолошки сестри од Болница Плодност зедоа учество на III интернационален конгрес на анестетичари кој се одржа во Крагујевац, Србија.

На овој конгрес нашите сестри разменуваа и споделуваа различни мислења и практики на кои наидуваат во текот на работата во нашата болница. На конгресот учествуваа:

- Симона Митреска која изврши предавање на тема: Епидурална аналгезија при породувањето

- Анета Вељановска која изврши предавање на тема: Комбинирана епи-спинална техника кај царски рез

- Билјана Поповска Марковска која изврши предавање на тема: Предности на епирудалната пост-оперативна аналгезија во комбинација со општа анестезија.

Во прилог е дадена галерија од настанот.

Болница Плодност Битола