DNA fragmentation тест за прв пат во Македонија (нов автоматизиран систем за анализа на сперма)

DNA fragmentation тест за прв пат во Македонија (нов автоматизиран систем за анализа на сперма)

DNA fragmentation тест за прв пат во Македонија (нов автоматизиран систем за анализа на сперма)

Паровите кои имаат висок процент на DNA фрагментација во главата на сперматозоидите ќе мораат да одат на IVF-ICSI постапката и да ги избегнат инсеминациите кои мораат да ги прават како услов за да добијат ИВФ со поддршка на ФЗОМ.
За значењето на овој тест прочитајте подолу.

Генетскиот интегритет на сперматозоидите е есенцијален за нормален развој на ембрионот (спојот на сперматозоидот со јајната клетка). ДНА молекулата која се наога во главата на сперматозоидот мора да има одреден процент на спирулизација, репликација и да нема фрагментација. Доколку има поголем процент на ДНА фрагментација(прекинување) поголема е шансата за постигнување на бременост. За тоа постои таканаречен SPERM DNA FRAGMENTATION TEST кој за прв пат се воведува во Македонија во ИВФ одделот во нашата болницана меѓу ретките во Европа. Се работи за автоматизиран систем за спермална анализа SCSA(sperm class analyser sistem) произведен во Барселона-Шпанија.

Со вој систем покрај вообичаените парамтери концентрација, морфологија, мотилитет се одредува ДНА фрагментацијата на сперматозоидите.

Автоматскиот систем за анализа ги има следните модули за aвтоматска анализа:

1. Концентрација и подвижност

Модулот за концентрација и подвижност е за автоматска анализа на концентрацијата и подвижноста на спермата. Одамна се знае дека најпрогресивните сперматозоиди се оние кои наверојатно ке извршат оплодување на јајната клетка. Ова е овозможено со посебна камера која слика 25 слики во секунда и автоматски ја пресметува траекторијата на движење на сперматозоидите и одредува кои се брзи, бавни, во место и неподвижни. Се пресметува и брзината во м/с, а се детектираат и хиперактивните сперматозоиди (кои по некои автори се оние кои имаат најголеми шанси да постигнат оплодување) се пресметуваат и сите кинетички брзини на сперматозоидите со што се добива една многу јасна слика за кинетичките параметри на серматозоидите кои играат многу важна улога во фертилизацијата. Со овие параметри нашите специјалисти гинеколози можат полесно да одредат кога и која постапка ке се применува во лечението на инфертилитетот.

2. Морфологија

Со овој модул се пресметуваат мофокинетичките и морфолошките параметри на сперматозоидите. Одамна се знае дека морфолошкиот изглед на сперматозоидите игра круцијална улога во фертилнста на мажот. Па од таму произлегува и огромната потреба од квалитетна анализа на морфолошките параметри на сперматозоидите. Овој модул ни овозможува јасно да го видиме процентот на нормални сперматозоиди во спермалната течност кај мажот. Порано испитувањата на морфологијата го извршуваше Биологот според искуството и визуализацијата на сперматозоидте.
Принципот на работа на автоматизираниот систем се состои од мерење на главата, вратот и опашката на сперматозоидите како и одредување на нормална форма на главата. Најбите елемент кои овој систе го нуди е одредувањето на процентуалната застапеност на генетскиот материјал (а индиректно со тоа и спирулизацијата на ДНА молекулот) во спемратооидот, ова е овоможено со детектирање на процентот на пропустливост на светлина во главата на сперматозоидот и оцртување на ДНА молекулот. Со ова се зголемуваат податоците за мофрокинетичките параметри на серматозоидите и се добива многу јасна слика за можноста пациентот да фертилизира јајна клетка.

3. ДНА фрагментација

ДНА фрагментацијата претставува прв показател за апоптоза (процес на програмирана целуларна смрт која доведува до промена на клетката) и е фактички поврзана со структурални промени во клеточната морфологија на сперматозоидот.
ДНА молекулата која се наоѓа во главата на сперматозоидот треба да има одреден процент на спирулизација, репликација на ДНА и да нема голем процент на фрагментирани ДНА сперматозоиди во целиот ејакулат. Доколку има поголем процент на ДНА фрагментација во ејакулатот поголема е шансата за неуспех во постапките на лечење на инфертилитетот. Затоа Боолницата Плодност ја воведе и оваа анализа како дополнителен дијагностички параметар во лечението на инфертилитетот.

Кое е значењето на овај тест:

Со овај тест ке се добие реална анализа на ДНА интегритетот на спермата со која ке се овозможи да се идентифицира машкиот парнер кој носи ризик да оплоди јајна клетка или ако се оплоди покасно да имаме неуспешна бременост која ке заврши со спонтан абортус.
Ова е особено важно кај мажите со нормален спермограм.Инаку мажите со послаб спермограм имаат поголеми шанси да имаат повисок процент на ДНА фрагментација.

Што ке се случи ако партнерот има висок процент на ДНА фрагментација а се добие бременост:

Нормална бременост може да се случи кај паровите каде машкиот партнер има висок процент на сперма со ДНА фрагментација. Тој ембрион каде спермата има висок процент на фрагментација има лоша прогноза. Податоците и искуствата на многу експерти во оваа област покажуваат дека можат да се јават најразличен тип на мутации резултирајќи во застој на ембрионот во развојот кога не може да достигне до стадиум на бластоциста во лабараторијата за ИВФ, потоа се добива доколку жената забремни спонтан абортус, аномалии кај новороденото и дури и канцер во млада возраст. Заштита од ДНА фрагментација може да се постигне со помлади јајни клетки кои се поспособни за ДНА репарација на дефектните сперматозоиди отколку старите јајни клетки. Затоа паровите кои лечат неплодност каде ДНА фрагментацијата има висок процент имаат подобра прогноза ако партнерката е помлада.

Причини за ДНА фрагментација

Голем фактор за сперм ДНА фрагментацијата е оксидативниот стрес. Други фактори се:
инфекциите, фебрилни состојби, зголемената тестикулартна температура, диетата, примена на дрога, пушењето, смогот од надворшната средина, напреднатите години, проширени вени на тестисот...

Кај кој машки пациенти се прави овај тест.

Овај тест се прави кога имаме неплодност од необјасниви причини (идиопатска неплодност) застој во растот на мебрионите во ивф лабораторијата(ембрионот не може да достигне до балстоцист стадиум 5 ден од пункцијата) повекепати неуспешен ИВФ повторувачки абортуси кај партнерката ( recurrent miscarriage in partner), постари години варикоцела ( varicocoele-проширени тестикуларни вени) кај мажот мажи со нормален и лош спермограм.

Лечење

Некои случаеви на ДНА фрагментација не можат да се лечат,но ако пореметувањето е предизвикано од стрес од слободни раикали промена на начинот на живеење и диетата можат да го намалат нивото на ДНА фрагментација.Ако постои инфекција третманот со антибиотици исто така ќе помогне. Доколку постои варикоцела оперативен третман на проширените вени може да помогне. Треба после терапијата втор ДНА тест да се направи по три месеци .Се смета дека семето во тестисите е поздраво во однос на ДНА фрагментацијата во тестисите отколку кога излезе од тестисите и се задржува во резервоарот-епидидимисот. Затоа кај овие случаево се препорачува ТЕСЕ(земање материјал директно од тестисите).Најефективен третман е сакако ИКСИ третманот а не обичен ИВФ.Затоа кај партнерите со висок процент на ДНА препорачуваме исклучиво ИКСИ-ИВФ .Овие парови не треба да прават ИУИ(интраутерини инсеминации) бидејки ќе имаат неуспех.Затоа кај сите парови кои што лечат неплодност заради обврските кои ги имаат ако сакаат да прават ИВФ преку ФЗОМ мора да направат 4 инсеминации Со овај тест доколку е позитивен ќе ги избегнат инсеминациите.
Со овај тест ке се детерминира колкав е процентот на сперматозоиди кои имаат фрагментација а тоа ке значи нивно оштетуванње.

Ако ДНА фрагментациониот индекс е:

  • <15% - ДНА фрагментација на сперматозоидите - добри резултати
  • <15-25% - ДНА фрагментација на сперматозоидите - помалку розова перспектива може сеуште доста добри резултати да има
  • >30% - ДНА фрагментација на сперматозоидите фрагментација- многу тешко може да се добие и одржи здрава бременост дури и ако се прави ивф.

ДНА сперм фрагментациониот тест не е дел од нормалното испитување на семето кое го правиме кога го испитуваме машкиот партнер кога иследуваме број, морфологија,подвижност За жал и кај нормозооспермично семе-семе со сите горенаведени парамтери ако се уредни можи да постои ДНА фрагментација затоа:
Доколку се обидувате да зебремените подолго време а спемограмот е нормален и се исклучат сите причини за неплодноат,ако имате повторувачки абортуси ако имате неуспешни ивф обиди потребно е да го направите овај тест.

Сите горни вредности корелираат со концепција во природен цилуси или со инсемниција Ретко може да се донесе бременост до крај кај пациенти со висок % ДНА фрагментација на сперматозоидите а кај овие пациенти чести се абортусите.Затоа пациентите со повисок процен од 25% на ДНА фрагментација на сперматозоидите за да горедуцираат овај процент ке мора да го променат стилот на животот начинот на исхраната или да избегнат непотребни инсеминации и директно да правата ИВФ-ИКСИ за да имаат поголем успех.

Болница Плодност Битола