Category Archives: Болница Плодност Битола

ВИДЕО: Предавање на тема Безболно раѓање, најсреќно доживување

ВИДЕО: Предавање на тема Безболно раѓање, најсреќно доживување

Речиси кај секоја жена постои страв од тоа како ќе се одвива породувањето. Тоа е сосема нормално, велат лекарите. Важно е да се разбере дека болките што се јавуваат за време на породувањето се разликуваат од болките што се јавуваат за време на болест. Контракциите ќе помогнат Вашето бебе да пристигне во овој свет.Секое породување е различно, па никој со сигурност не може да каже како ќе се одвива или колкава ќе биде болката. Постојат повеќе фактори кои влијаат на интензитетот на болката: големината на бебето, големината на Вашата карлица, силата на контракциите, начинот на кој мајката го доживува самиот процес на раѓање, нејзините емоции ит.н.Сите овие болки ги нема доколку се одлучите на пороѓај со епидурална анестезија или уште се вика епидурална анелгезија.
Read More

ГАЛЕРИЈА: Болница Плодност дел од најуспешни битолчани за 2013

ГАЛЕРИЈА: Болница Плодност дел од најуспешни битолчани за 2013

Болница Плодност дел од најуспешните битолчани. На 01.03.2014г. во ресторан Вавилон беше одржана манифестацијата "Најуспешни битолчани за 2013", организирано од страна на Битолски весник.

На настанот присуствуваат повеќе од 850 гости и 150 кандидати за најуспешни битолчани. Со своите резултати во областа на медицината односно гинекологијата и хуманата репродукција, Болница Плодност со д-р Таше Трпчевски и целиот тим се дел од најуспешните битолчани, бренд на Битола и Македонија.
Read More

ГАЛЕРИЈА: Предавање на прим. д-р Ристески и д-р Поповски во Прилеп

ГАЛЕРИЈА: Предавање на прим. д-р Ристески и д-р Поповски во Прилеп

На 7.02.2014г. со почеток во 19:00ч. во просториите на Градската библиотека "Борка Талески" во Прилеп, Прим. д-р Александар Ристески и д-р Владимир Поповски одржаа предавање пред голем број на прилепчанки. Прим. д-р Александар Ристески се задржа на темата: Да го откриеме ракот на дојката пред да знаеме дека постои, превенција и корисни совети. Д-р Владимир Поповски се говореше на тема: биопсија на дојка. Тој образложи кој начини и техники се употребуваат при биопсија на дојка во нашата болница како и што во суштина претставува таа постапка.
Read More

ГАЛЕРИЈА: 800 и 801-то бебе добиено по пат на ИВФ во Болница Плодност

ГАЛЕРИЈА: 800 и 801-то бебе добиено по пат на ИВФ во Болница Плодност

На голема радост на сите вработени во нашата болница се родија 800 и 801-то бебе добиено по пат на ИВФ (од епрувета). Исто така денеска славиме 10-годишен јубилеј од породувањето на првото инвитро бебе.

Живко и Сара ги устреќија своите родители кои добија близначиња по пат на ИВФ. Родени се на 30.01.2014 година во 11:15 часот со царски рез.
Read More

ГАЛЕРИЈА: Две новороденчиња родени на 01.01.2014

ГАЛЕРИЈА: Две новороденчиња родени на 01.01.2014

На 01.01.2014 година, на првиот ден од новата година беа родени едно машко и едно женско новороденче во нашата болница. Герогиј и Леа донесоа многу радост на персоналот во нашата болница и најголем новогодишен подарок на нивните родители.
Read More

Неплодноста е сеуште табу тема

Неплодноста е сеуште табу тема

На тема „Ин-Витро оплодување - Наша уметност за правење бебиња", болницата „Плодност" синоќа одржа трибина на која присуствуваа идни мајки и сите заинтересирани да слушнат и говорат на оваа тема.
Read More

др.Таше Трпчевски: Ние се етаблиравме како бренд во Македонија и регионот

др.Таше Трпчевски: Ние се етаблиравме како бренд во Македонија и регионот

др.Таше Трпчевски во емисијата Директно на Тера телевизија. Се разговараше за актуелните состојби во здравството, гинекологијата и хуманата репродукција.
Read More