Category Archives: Болница Плодност Битола

Прокалцитонин (РСТ) - најважен клинички маркер за рана диференцијација на вирусна и бактериска инфекција

Прокалцитонин (РСТ) - најважен клинички маркер за рана диференцијација на вирусна и бактериска инфекција

Прокалцитонин (РСТ) - најважен клинички маркер за рана диференцијација на вирусна и бактериска инфекција.
Овој ран биомаркер e специфичен и корисен за време на бактериска инфекција(сепса). Денес е препознатлив како најкорисна алатка во процесот на дијагноза, лекување и времетраење на терапијата.
Read More

Нов Стерилен кабинет IVFTECH 180

Нов Стерилен кабинет IVFTECH 180

Нашата болница деновиве се опреми со нов Стерилен кабинет IVFTECH 180, со вертикален проток на стерилен воздух, компјутерски контрoлиран и автоматизиран. Истиот служи за микроманипулација со ембриони и јајни клетки во асептични стерилни услови.

Read More

Првото бебе во Битола во новата 2015 се роди во Болница Плодност

Првото бебе во Битола во новата 2015 се роди во Болница Плодност

Марко, роден во 00:03, со спонтано породување, 3500г. тежина и 51cm должина и во одлична кондиција.

Второто бебе (женско) се роди во 10:20ч., со царски рез заради хитна медицинска индикација, 3500г. и 49cm должина, во одлична кондиција.

Родилките ги посети и градоначалникот др.Владимир Талевски и им посака бериќетна година, многу здравје и среќа да ги пратат нив и нивните семејства.

Да се здрави и живи и да имаат многу среќа во животот.

Погледнете ја галеријата со клик на Прочитај Повеќе ...
Read More

Πрвата работилница на Здружението на мед.сестри, акушерки и техничари

Πрвата работилница на Здружението на мед.сестри, акушерки и техничари

На 13.12.14г. се одржа првата работилница на здружението на мед.сестри, акушерки и техничари - Славјаниа Влахчева во организација на г.с Ребека Алексовска и сестрите од Болница Плодност Битола.

Работилницата со поздравен говор ја отвори др.Таше Трпчевски и даде целосна поддршка на истата за во иднина. Работилницата ја водеше дипл.сестра - акушерка Снешка Дмитровиќ.

Read More

Гостување на меѓународниот симпозиум во Белград, Р.Србија

Гостување на меѓународниот симпозиум во Белград, Р.Србија

Болница Плодност со предавање и постер презентација на "Новости во хуманата репродукција 2014" (Меѓународен симпозиум) во Београд, Србија, во организација на Здружение за хумана репродукција - Србија (во соработка со Здружение за хумана репродукција - Црна Гора)
Read More

Учество на IV Конгрес на здружение на анестетичари на Србија

Учество на IV Конгрес на здружение на анестетичари на Србија

Болница Плодност - Hospital Plodnost зеде учество на IV Конгрес на здружение на анестетичари на Србија кое се одржуваше во Белград, 3-5 октомври 2014.

Мед.сестра Билјана Марковска изврши презентација на труд на тема „Преоптеретување со течности за време на хистероскопија“. Исто така зеде и учество на повеќе работилници: „Нови насоки во кардиопулмонална и церебрална реанимација“ и „Значење и примена на I-gel маска во хоспитални и вонхоспитални услови“.
Read More

Мамографско снимање со 50% попуст

Мамографско снимање со 50% попуст

Болница Плодност - Hospital Plodnost се грижи за Вашите дојки, дали и Вие се грижите за нив и Вашето здравје?

Во октомври, месец за борба против рак на дојка само во Болница Плодност МАМОГРАФИЈА со 50% попуст - 500ден.
Read More

Абдоминален серклаж во Болница Плодност Битола

Абдоминален серклаж во Болница Плодност Битола

Во нашата болница е породено бебе, здраво, во одлична кондиција, доносено со предходен адбоминален серклаж кој е за прв пат направен во Македонија на бремена жена во 14та гестациска недела.

Пациентката предходно имала пет спонтани абортуси заради слабост на внатрешното устие на матката. Инаку овој абдоминален серклаж се прави само во две до три држави во Европа.
Read More

Решавање на проблемот со стресната инконтиненција (подмочнување)

Решавање на проблемот со стресната инконтиненција (подмочнување)

TVT (Tension-free vaginal tape) претставува операција/процедура со која се решава/корегира проблемот со стресната инконтиненција (подмочнување). Брза, ефикасна, едноставна процедура. Се прави со минимална хоспитализација (еден ден) и многу брзо опоравување. Времето на операција и хоспитализација се најкратки од сите досегашни процедури и операции кои се применуваат за решавањето со подмочнувањето кај жените. Оваа операција е со минимални болки и минимална нелагодност кај жената. За една недела пациентката може да ги обавува сите свои активности нормално. Оваа процедура значително го подобрува квалитетот на животот на жената бидејќи стресната инконтиненција доведува до висок степен на инвалидитет и неквалитетен живот.
Read More