Category Archives: Болница Плодност Битола

Доделена акредитацијата за 5 год на Болница Плодност Битола

Доделена акредитацијата за 5 год на Болница Плодност Битола

Денес на денот на здравјето Болница ПЛОДНОСТ Битола доби големо признание од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Република Македонија која го додели сертификатот за акредитација од 5 години на нашата болница. Ние сме првата приватна болница која што ја добива оваа акредитација во максимален период (5 години).

- Овај сертификат има значење дека Болницата работи по европски стандарди и критериуми со добро формулирани процедури за кои е јасно дека се зачувува безбеднста на пациентите и зборува за една сериозност кон пристапот кон пациентотот, изјави проф.д-р Елизабета Зисовска , директор на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи во Р.Македонија

Оваа призние е потврда за квалитетот кој оваа здравствена установа го нуди при обезбедување на сеопфатна грижа за сите гинеколошко-акушерски проблеми, ИВФ, анестезиолошки услуги, дијагностички, биохемиски и радиолошки услуги, породување, пре и постнатална нега и грижа за новороденото, потенцираше Д-р Таше Трпчевски, директор на ПЗУ Болница ПЛОДНОСТ Битола.

-Чувствувам чест и задоволство што ни е доделен овај сертификат токму на Денот на здравјето. За нас ова признание значи признание за примена на ефикасна здравствена заштита на нашите пациенти, признание за примена на најсовремена медицинска технологија. Овај сертификат претставува доказ за имплементацијата на здравствените услуги, за безбедноста на пациентите, и воедно за грижата на пациентите на ниво на светски стандарди. Овај сертификат претставува и обврска за нас и понатаму да продолжиме да им обезбедуваме квалитетно задравство на граѓаните, изјави Д-р.Таше Трпчевски.

Во изминатите 5 години во Болница Плодност се направени над 4 илјади операции, повеќе од 30 илјади успешни интервенции, највисок процент на бременост во државата, и со породени над 1100 живи и здрави бебиња од инвитро оплодување.

Известување: ПЗУ Св.Стилијан - Педијатрија со ново работно време

Известување: ПЗУ Св.Стилијан - Педијатрија со ново работно време

Почитувани, ПЗУ Св.Стилијан - Педијатрија во склоп на Болница Плодност Битола започнува со ново работно време, од понеделник - петок од 8:00 до 20:00ч.
За повеќе информации или закажување обратете се на 047208880. Ви благодариме.

ЗА ПРВ ПАТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА - АКРЕДИТАЦИЈА ЗА 5 ГОДИНИ

ЗА ПРВ ПАТ ВО Р.МАКЕДОНИЈА - АКРЕДИТАЦИЈА ЗА 5 ГОДИНИ

АКРЕДИТИРАНА ПРИВАТНАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА Специјална болница "ПЛОДНОСТ" СО АКРЕДИТАЦИЈА од 5 год., со што се потврди квалитетот кој оваа здравствена установа го нуди при обезбедување на сеопфатна грижа за сите гинеколошко-акушерски проблеми, ИВФ, анестезиолошки услуги, дијагностички, биохемиски и радиолошки услуги, породување, пре и постнатална нега и грижа за новороденото.

Тоа е уште еднаш потврда дека сите вработени во Специјалната болница "ПЛОДНОСТ", се насочени и се залагаат да им обезбедат на пациентите ефикасни здравствени услуги со најдобар квалитет. Вие, што сте одлучиле да ја изберете нашата здравствена установа, ќе се почуствувате безбедни и прифатени.

Според утврдените критериуми за отценување на квалитетот, комисијата на надворешни отценувачи формирана од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во Република Македонија, го оцени квалитетот на Специјалната болница "ПЛОДНОСТ"со највисоки оценки и ни додели акредитација за ПЕТ ГОДИНИ, што претставува максимум кој може да го достигне една здравствена установа.

Специјална болница "ПЛОДНОСТ" Е ПРВА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА - АКРЕДИТИРАНА ЗА 5 ГОДИНИ.
Голема заслуга на сите вработени на Болница Плодност!

5 години Болница ПЛОДНОСТ - стручен состанок

5 години Болница ПЛОДНОСТ - стручен состанок

За да продолжиме нашата долгогодишна приказна и традиција во гинекологијата и ин-витро оплодувањето, а со цел грижа за женското здравје и совршеност, како и грижа за идните поколенија, од гинеколошката ординација „ПЛОДНОСТ” заедно ја создадовме „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ” во која вработивме тим кој може да одговори на квалитетот на понудените услуги. Нашето 5 годишно постоење го закружуваме со стручен состанок, акредитиран од лекарската комора на Македонија, на кој што ги прикажавме нашите резултати од досегашното работење.

Во болницата работи специјализиран кадар од 15 доктори специјалисти, 2 доктори специјализанти, 1 дипломиран фармацевт, 2 биолози – ембриолози, 30 дипломирани медицински сестри/акушерки, 3 дипломирани лабораториски аналитичари, 1 радиолошки технолог и 1 дипломиран фармацевтски техничар. Останатиот персонал извршува работни активности од техничкиот делокруг на работа. На денешниот јубилеј со свои презентации се претставија тројца доктори. Проф. Д-р Јозеф Мајер од Клиниката во Велс, Аустрија и кантонската болница во Базел Швајцарија ги изнесе неговите искуства со примената на роботската хирургија во гинекологијата и хирургијата. Неговото предавање беше насловено „Роботска Хирургија во гинеколошката гинекологија, реалност или трик“, потоа Д-р Таше Трпчевски одржа предавање на тема ”Пет годишна примена на ендоскопската хирургија во нашата болница-каде сме ние сега?” и прим д-р Раде Бјелиќ одржа предавање на тема „Безболно породување-наше искуство, што жените сакаат да знаат”.

На предавањето, поповод 5 годишен јубилеј ги посочивме нашите цели кон усовршување на квалитетот на работа на сите нивоа, како и воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи. Стручниот колегиум додели благодарници на нашите соработници за долгогодишната соработка. Воедно најавуваме дека во 2017 година во месец мај и јуни ќе одржиме стручен состанок со пренос во живо од болницата на кој ќе извршат ендоскопска хирургија, на која ќе присуствуваат и претставници од странство.

Галерија:

Неинвазивна дијагностичка медота за откривање на везикоуретерен рефлукс кај деца

Неинвазивна дијагностичка медота за откривање на везикоуретерен рефлукс кај деца

НОВО ВО БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ БИТОЛА
За прв пат во Македонија се применува неинвазивна дијагностичка метода за откривање на везикоуретерен рефлукс кај деца кои го имаат овој хроничен проблем.
Read More

Комплетен септум на матка со два цервикални остиуми

Комплетен септум на матка со два цервикални остиуми

Кај пациентката имаме унификација на две поделени шуплини на матката заради постоење на комплетна преграда која започнува од грлото на матката (цервиксот), се шири на горе кон шуплината на матката разделувајќи ја на два одделни делови - состојба која доведува до повторувачки спонтани абортуси.
Read More

Оперативен третман на масивна аденомиоза кај пациентка со повторувачки абортуси

Оперативен третман на масивна аденомиоза кај пациентка со повторувачки абортуси

Ново за прв пат во Македонија направена е операција на аденомиозна матка кај пациентка која и беше препорачано со 3 абортуси да ја отстрани матката. Со направената операција, со отстранувањето на аденомиозното ткиво ја зачувавме матката и се надеваме дека по 6 месеци да може да носе плод. Прва направена во Македонија а и една од ретките кои се прави во светски размери. Повеќе можете да прочитате во текстот подолу.
Read More

Новини во акушерството - Безболно породување

Новини во акушерството - Безболно породување

Одржано предавањето на тема "Новини во акушерството - Безболно породување" во Прилеп. Ви благодариме за присуството. Болница Плодност ќе продолжи со ваквите предавања со цел едукација и преставување на услигите кои ги нуди нашата болница

Read More