Category Archives: Болница Плодност Битола

Најново во Болница „Плодност“ - флексибилен видео ларингоскоп според последните светски стандарди

Најново во Болница „Плодност“ - флексибилен видео ларингоскоп според последните светски стандарди

Во Болница „Плодност“ пристигна најсовремениот и најнов модел на флексибилен видео ларингоскоп. Тимот на анестезиолози од Болница „Плодност“практично ја прикажа примената на овој ларингоскоп, кој се поставува кај пациентите пред оперативните зафати, истовремено следејќи ги сите процедури на видео екран.

Read More

Можност за замрзнување на сперма пред започнување со третман за карциноми кај мажи

Можност за замрзнување на сперма пред започнување со третман за карциноми кај мажи

Болница „Плодност“ им дава посебна можност на мажите кои треба да започнат со одредени третмани за карциноми, да ја реализираат сопствената желба за потомство.

Познато е дека одредени третмани за рак (радиотерапија, хемотерапија, терапија со коскена срцевина и хирушки интервенции) можат да влијаат на плодноста на мажот. Тоа влијание може да биде само за одреден временски период, но во одредени случаи и трајно.

Read More

Нова надградба на персоналот по светски стандарди

Нова надградба на персоналот по светски стандарди

Николче Огненовски, ембриолог во Болница „Плодност“ во одделот за ИВФ, се врати од едукација која се одржуваше во Центарот за истражување и развој на фабриката Витролајф во Гетеборг, Шведска. Тој присуствуваше на обуките за оптимизирање на успехот во ИВФ лабораторија, култура на ембриони, контрола на квалитет и витрификација.

Read More

Нова донација во Болница „Плодност“

Нова донација во Болница „Плодност“

Во Болница „Плодност“ пристигна донација од компанијата Трејдек, која е застапник на многу големи компании во Македонија, вклучувајќи ја и компанијата Филипс, чии производи се најдоа во нашата болница. Од оваа компанија за нашите новороденчиња беше донирана рачна пумпа за отстранување на вишок на млеко кај доилките, шишиња, цуцли и лажливки, како дел од серијата производи Авент, наменети за новороденчињата.

Read More

Децата од „Вошебно сонце“ на систематски преглед во Болница „Плодност“

Децата од „Вошебно сонце“ на систематски преглед во Болница „Плодност“

Во педијатриската ординација „Св. Стилијан“ во Болница „Плодност“, на систематски преглед беа учениците од детската градинка „Волшебно сонце“. Тие за прв пат ја посетија нашата болница, во придружба на своите воспитувачи и родители, на кои им беа измерени основните параметри: висина, тежина, дишење итн.

Read More

Практична изведба на хечинг во Болница „ПЛОДНОСТ“ Битола

Практична изведба на хечинг во Болница „ПЛОДНОСТ“ Битола

Кај одредени пациентки не може да дојде до имплантација на ембрионот после ембриотрансфер, поради неотворање на обвивката на ембрионот. Кај ваквите пациентки во Болница „Плодност“ се употребува методата АСИСТЕД ХЕЧИНГ, каде со примена на најсофистициран ласерски систем се прават мали отвори во обвивката на ембрионот, со што се олеснува неговото ослободување од таа обвивка. Преку оваа метода значително се подобрува процентот на имплантација, а со тоа и на бременост. Најнови технологии, најсовремена опрема и најдобар професионално обучен персонал, само во Болница „Плодност“ Битола.

Read More

Тест за одредување на нивото на оксидативен стрес во сперма

Тест за одредување на нивото на оксидативен стрес во сперма

Единствено во Македонија и пошироко во регионот, андролошкиот кабинет при ИВФ центарот за асистирана хумана репродуцкија во болница Плодност, воведува најсовремена анализа за одредување на нивото на оксидативен стрес во семената течност кај мажот, која се применува во светски ИВФ центри.

Со оваа анализа се одредува рамнотежата помеѓу штетните оксиданси и заштитните антиоксиданси во спермата. Може да се примени на свежи примероци на сперма, но и после одмрзнување на замрзнати примероци.

Read More

Најсовремен апарат за фототерапија на новороденчињата во Болница „Плодност“

Најсовремен апарат за фототерапија на новороденчињата во Болница „Плодност“

Најновиот апарат за фототерапија наменет за новороденчињата во Болница „Плодност“ овозможува нов пристап при фототерапијата кој е најпогоден и за бебето и за персоналот. Придобивката за самото бебе се состои во тоа што на овој начин не му се ставаат заштитни наочари и не е подложено на дополнителни иритации и стегања во лицето, туку со поставувањето во посебната облека, тоа се чувствува удобно како и во својот кревет.

Read More

Најсовремен и единствен во Македонија ласерски систем за биопсија на ембриони

Најсовремен и единствен во Македонија ласерски систем за биопсија на ембриони

Најново во Болница „Плодност“! Најмодерниот и најсовремен ласерски систем (RI Saturn 5 TM active laser) за биопсија на ембриони и јајце клетки, кој е единствен од овој вид во Македонија, сега е дел од ИВФ центарот за хумана асистирана репродукција во болницата „Плодност“.

Read More

Најуспешна и најхумана медицинска сестра акушерка за 2016 - Мерлинда Драла

Најуспешна и најхумана медицинска сестра акушерка за 2016 - Мерлинда Драла

Да спасиш еден живот, тоа значи дека си херој, но да спасиш илјадници животи тогаш си медицинска сестра, вели битолчанката Мерлинда Драла која денеска oд фондацијата Д-р Димитар Котевски-Битола во соработка со спомен куќата на Мајка Тереза во Скиопје е прогласена за најуспешна и најхумана медицинска сестра акушерка за минатата година. Според неа, признанието претставува мотив и поттик за понатамошна посветеност на работата која со задоволство ја врши.

Read More