БПО преку ФЗОМ (ИВФ)

Задолжителна медицинска документација за остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) преку ФЗОМ:

Сите документи треба да бидат во оригинал:

1.Образец Предлог (П-БПО) пополнет и потпишан од гинеколог;

2.Медицинска документација дека се извршени една или повеќе од следниве методи: ХСГ и/или лапараскопија и хистероскопија, и/или лапаратомија; ехографско испитување не доказна метода освен 4DV ултразвук на кавум утери;

3.Документи за направени две или повеќе анализи на спермата;

4.Резултати од извршена анализа на хормонален статус : FSH,LH,PRL E2,TSH на трет ден од циклус (не постари од шест месеци);

5.PAP skrinig (не постар од една година доколку бил уреден);

6.Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс вклучувајќи и Chlamidia trachomatis (не постари од шест месеци);

7.Маркери за Hepatit B и C,HIV двајцата партнери (не постари од шест месеци);

8.Крвна слика,гликемија,седиментација (не постари од шест месеци);

9.Друга медицинска документација за извршените дијагностички или оперативни интервенции во врска со лекување на стерилитет и останато (ако ја има).