700-то новороденче од ИВФ

700-то новороденче од ИВФ

На 01.06.2013г. во 5:15 часот во Болница Плодност на свет дојде 700то новороденче кое е добиено по пат на вештачко оплодување - ИВФ. Новороденчето е во одлична кондиција, како и родилката. Бебето е тешко 3670г. и 50сm во должина/висина.

Породување се изврши по пат на царски рез. Важно да се напомене дека родилката има 41 година и е 19 години во брак. Ова им е прво новороденче, на што сме многу горди како болница што придонесовме за поголема радост во нивното семејство.

Болница Плодност Битола