5 години Болница ПЛОДНОСТ - стручен состанок

5 години Болница ПЛОДНОСТ - стручен состанок

За да продолжиме нашата долгогодишна приказна и традиција во гинекологијата и ин-витро оплодувањето, а со цел грижа за женското здравје и совршеност, како и грижа за идните поколенија, од гинеколошката ординација „ПЛОДНОСТ” заедно ја создадовме „БОЛНИЦА ПЛОДНОСТ” во која вработивме тим кој може да одговори на квалитетот на понудените услуги. Нашето 5 годишно постоење го закружуваме со стручен состанок, акредитиран од лекарската комора на Македонија, на кој што ги прикажавме нашите резултати од досегашното работење.

Во болницата работи специјализиран кадар од 15 доктори специјалисти, 2 доктори специјализанти, 1 дипломиран фармацевт, 2 биолози – ембриолози, 30 дипломирани медицински сестри/акушерки, 3 дипломирани лабораториски аналитичари, 1 радиолошки технолог и 1 дипломиран фармацевтски техничар. Останатиот персонал извршува работни активности од техничкиот делокруг на работа. На денешниот јубилеј со свои презентации се претставија тројца доктори. Проф. Д-р Јозеф Мајер од Клиниката во Велс, Аустрија и кантонската болница во Базел Швајцарија ги изнесе неговите искуства со примената на роботската хирургија во гинекологијата и хирургијата. Неговото предавање беше насловено „Роботска Хирургија во гинеколошката гинекологија, реалност или трик“, потоа Д-р Таше Трпчевски одржа предавање на тема ”Пет годишна примена на ендоскопската хирургија во нашата болница-каде сме ние сега?” и прим д-р Раде Бјелиќ одржа предавање на тема „Безболно породување-наше искуство, што жените сакаат да знаат”.

На предавањето, поповод 5 годишен јубилеј ги посочивме нашите цели кон усовршување на квалитетот на работа на сите нивоа, како и воведување на најсовремени дијагностички и терапевтски методи. Стручниот колегиум додели благодарници на нашите соработници за долгогодишната соработка. Воедно најавуваме дека во 2017 година во месец мај и јуни ќе одржиме стручен состанок со пренос во живо од болницата на кој ќе извршат ендоскопска хирургија, на која ќе присуствуваат и претставници од странство.

Галерија:

Болница Плодност Битола