100та успешна операција во Болница Плодност

100та успешна операција во Болница Плодност

Денес во специјалната болница Плодност успешно е извршена 100та операција. Пациентката после операцијата е сместена во интензивна нега и е во стабилна состојба. Покрај тоа се родени 31 бебе, каде последното е родено со 2800грама и е во добра здравствена состојба.

"За само седум недели ја направивме 100та операција. Имаме 31 раѓање и многу интервенции. Имаме среќни и задоволни пациенти, среќен и задоволен персонал, среќен и задоволен газда. Ова е доказ дека гинеколошката болница Плодност од Битола понатаму ќе работи во континуитет и успешно." - изјави др.Таше Трпчевски

Поради употребата на најсовремената опрема и апаратура, најновите методи на породување како и нормалниот и царскиот рез во болница Плодност обемот на работа е се поголем. Но за нас најважно е што пациентите од Плодност заминуваат задоволни.

Болница Плодност Битола