Учество на 5-от Меѓународен конгрес на Здружението на анестетичари на Србија

Учество на 5-от Меѓународен конгрес на Здружението на анестетичари на Србија

Тимот на анестетичари од ПЗУ Болница Плодност од Битола, зедоа активно учество во 5-от Меѓународен конгрес на Здружението на анестетичари на Србија.
На конгресот беа презентирани теми од секојдневното работење во ПЗУ Болница Плодност од Битола, со следење на текот на модерната медицина во современи услови.

Сестра Билјана Димитровска го презентирање својот труд на тема: "Кристалоидни и колоидни раствори и нивната примена", како постер презентација. Имено, оваа презентација беше избрана за "најдобра постер презентација на конгресот".

Сестра Андријана Лозановски се претстави со својот труд на тема: "БИС мониторинг", како компактен дел од современиот мониторинг.
Сестра Сенида Мемедовска се претстави со својот труд на тема: "Гестациски дијабет", со осврт на современиот третман во текот на посперативниот период во ПЗУ Болница Плодност од Битола.

Во прилог е дадена галерија од посетата на конгресот и претставувањето пред присутните.

Болница Плодност Битола