Трет успех на Болница Плодност со абдоминален серклаж

Трет успех на Болница Плодност со абдоминален серклаж

Кај пациентките кои имаат повторувачки спонтани абортуси во втор триместер од бременоста заради слабост на грлото на матката од најразлични причини (вродени или стекнати, најчесто после конизација или траума при породување) се прави вагинален серклаж. Околу гролото на матката преку вагината се поставува нересорптивен конец кој ќе служи како превенција за евентуално предвремено отварање на грлото на матката. Доколку тоа не успева и тој конец попушта настанува спонтан абортус или предвремено породување кое резултира со лош завршеток за плодот.

Кај ваквите случаеви се индицира поставување на абдоминален серклаж. Се прави класична операција (рез во долниот дел на матката) и околу внатрешното устие на матката во долниот сегмент на матката се поставува нересорптивна трака која е одлична потпора и го држи внатрешното устие на матката затворено со одличен исход за бременоста. Успешноста од ваквиот вид на серклаж е 80%. Абдоминалниот серклаж единствено во Македонија се применува кај нас. Ова е трет абдоминален серклаж и три успешно завршени бремености во термин. Жените со абдоминален серклаж мораат да се пораѓаат со царски рез. По нивната желба серклажот може да се извади во тек на царскиот рез или да се остави да стои за наредна бременост.

На наша радост денеска е породено трето бебе после ваква операција која бара голема и прецизна оперативна вештина и затоа центрите во Европа кои ја применуваат оваа техника можат да се избројат на прсти. Како податок, цената на оваа операија во земјите на западна Европа се движи од 10000 до 15000 евра.

Кај нас е 4 пати поевтина. Ова ќе значи во иднина огромна олеснителна околност за пациентките кои го имаат овај проблем.

Оперативната екипа на чело со др.Благојче Обедниковски и др.Кристинка Пајаковска, гинеколози – акушери, др.Трајче Ивановски – анестезиолог, м.с Мерлинда – акушерка, м.с Мери – инструментарка, м.с Сенида – анестезиолошка сестра, заедно со неонатолошкиот тим во 37ма недела од пременоста на свет ја донесоа Марија, тешка 2200г./43см во одлична кондиција.

Да им е здрава и жива на родителите кои имаа предходно лошо акушерско минато, до добивање на ова ангелче Марија.

 

 

Болница Плодност Битола