Трет годишен состанок на болниците од југозападен регион со меѓународно учество

Трет годишен состанок на болниците од југозападен регион со меѓународно учество

Почитувани,

Ве известуваме за претстојниот настан "Трет годишен состанок на болниците од југозападен регион со меѓународно учество" во организација на Медицински истражувачки развоен центар - Битола кој ќе се одржи на ден 30 Ноември(петок) 2012 година во Хотел ПРЕМИЕР - Битола (во близина на Болница Плодност) со почеток во 11 часот.

Настанот е акредитиран со 4 бода за слушатели во ЛКМ и МЛД.
Службен јазик на настанот се англиски и македонски јазик

АГЕНДА (30.11.2012) Почеток: 11ч

Отворање и поздравен говор 5 мин
Д-р Александар Богоевски МИРЦ Битола Претседател

Еврорегионален здравстевeн систем на терциерно болничко ниво - потреба или илузија
Д-р Стефан Талев МИРЦ Битола

Сесија 1
Предавање Гинекологија (20 мин)
ENDOSCOPIC TREATMENT OF UTERINE LEIOMYOMA
Д-р Таше Трпчевски - ПЗУ Болница Плодност - Битола

Предавање Кардиологија - (20 мин)
"DOOR TO BALOON TIME"
Д-р Никола Бакрачевски - ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - "Свети Стефан" Охрид

Сесија 2
Предавање Анестезиологија (3х15 мин)
БЕЗБОЛНО ПОРОДУВАЊЕ - СО ЕПИДУРАЛНА АНАЛГЕЗИЈА - НАШИ ИСКУСТВА
Д-р Васко Димитровски - ПЗУ Болница Плодност - Битола

КОМБИНИРАНА СПИНАЛНА - ЕПИДУРАЛНА ТЕХНИКА ЗА ЦАРСКИ РЕЗ
Д-р Раде Бијелиќ - ПЗУ Болница Плодност - Битола

СОВРЕМЕН МЕНАЏМЕНТ НА ТРАУМА - ИСКУСТВА ОД АВГАНИСТАН
Д-р Владимир Ристевски - Клиничка болница Битола

Сесија 3
Меѓународна соработка на колегите од болниците во југозападниот регион со западно европски болници (3x15 мин)
а) КББ СОРАБОТКА СО КОЛЕГИ ОД ЖЕНЕВА- ШВАЈЦАРИЈА И КОРЧА-АЛБАНИЈА
Др.Кузмановски Димче - Клниничка болница Битола

в) СОРАБОТКА НА БОЛНИЦА КОРЧА АЛБАНИЈА СО КОЛЕГИ ОД КБ БИТОЛА
Др.Никола Нунка, Регионална болница Корча

c) IN VITRO FERTILIZATION AND PREIMPLANTATION GENETICS -
MD Hadzimeletiou, Medical School
Aristotle University of Thessaloniki, Thessaloniki Greece

Затварање 13.30ч
Ве очекуваме!

Болница Плодност Битола