Се роди 1000-тото бебе во ПЛОДНОСТ

Се роди 1000-тото бебе во ПЛОДНОСТ

Михаил е 1000 тото бебе кое што се роди во нашата болница. 27 годишната Андријана Кокиновска заедно со Михаил влегоа во историјата на долгогодишното постоење на нашата болница. Цел трошок за пораѓајот на Михаил го покри нашата болница.

1000-2

„Многу сум среќна што баш Михаил е мое прво дете а е 1000-тото дете родено во Болница Плодност. Голема благодарност до целиот тим ", изјави Андријана Кокиновска, мајка на 1000-тото бебе.

1000-3

Медицинскиот персонал во нашата болница е гордост во обезбедување не само на најдобра медицинска нега, туку и лично внимание и доверливост за секој пациент и неговите потреби, изјави др.Таше Трпчевски и го најави нивниот следен јубилеј, 900-тото дете зачното со ин-витро(IVF). Во досегашното долгогодишно постоење Болница ПЛОДНОСТ може да се пофали со 1000 раѓања, преку 2500 операции, преку 20 000 интервенции и многу, многу прегледи.

1000-4

Бременоста е еден посебен период од животот, исполнет со многу емоции, радости, мечтаења и очекувања, но и со многу грижи, илјадници прашања, немир и страв од неизвесноста. Со цел надминување на тој страв бремените жени во Болница Плодност можат да бидат дел од Школата за бремени на која има предавања и вежби поврзани со бременоста и раѓањето и грижа и нега за новороденото бебе.

Болница Плодност Битола