Серија на успеси на Центарот за асистирана хумана репродукција - ИВФ

Серија на успеси на Центарот за асистирана хумана репродукција - ИВФ

Серија на успеси овој месец како резултат на успешното работење на Центарот за асистирана хумана репродукција (ИВФ Центар) во Болница Плодност.

На 11.05.2015г. породено 900-тото бебе со ИВФ постапка. Машко бебе, 3050г. тешко и 49см високо, породено со царски рез, после 15 годишен стерилитет (прво ИВФ).

На 20.05.2015г., двојка, Викторија и Виктор на родители од Велес, кои добиваат своја принова после 12 годишен стерилитет.

На 21.05.2015г. родено 13-то бебе, Кире од Кавадарци, добиено од замрзнати/одмрзнати ембриони, после стерилитет од 8 години.

На 23.05.2015г. родени близначките Сара и Ева од Битола после 4 годишен стерилитет.

 

Ова се само дел од континуираниот успех во ИВФ постапките и високиот процент на успешност во постапките, во Македонија и регионот.

Во прилог е дадена галерија од прекрасните новороденчиња. Да се здрави и живи покрај своите најмили.

Болница Плодност Битола