Решавање на проблемот со стресната инконтиненција (подмочнување)

Решавање на проблемот со стресната инконтиненција (подмочнување)

TVT (Tension-free vaginal tape) претставува операција/процедура со која се решава/корегира проблемот со стресната инконтиненција (подмочнување). Брза, ефикасна, едноставна процедура. Се прави со минимална хоспитализација (еден ден) и многу брзо опоравување. Времето на операција и хоспитализација се најкратки од сите досегашни процедури и операции кои се применуваат за решавањето со подмочнувањето кај жените. Оваа операција е со минимални болки и минимална нелагодност кај жената. За една недела пациентката може да ги обавува сите свои активности нормално. Оваа процедура значително го подобрува квалитетот на животот на жената бидејќи стресната инконтиненција доведува до висок степен на инвалидитет и неквалитетен живот.

За брзо и сигурно решавање на овој проблем пациентките да се обратат до нашата болница и да не се подложуваат на потешки оперативни процедури за решавање на подмочнувањето кој се многу понесигурни.

tvt-image

Болница Плодност Битола